Индија, Шри Ланка: Фестивали на храмови на двете страни од морски теснец Палк

Фестивалите на храмовите се составен дел од животот на Хинду Тамилците, без разлика во која држава живеат. Следниов состав од фотографии прикажува неколку моменти од тие фестивали.

Од Раквана во Шри Ланка, фестивал на кола на храм низ фотографии од ‘Иракуванаи’ Нирсхан. Една од главните точки на фестивалот е колата на храмот – „Коли на храмот се чези кои се користат за пренос на идолите од Хинду боговите. Вообичаено, влечењето на чезата се врши во фестивалските денови со помош на многу луѓе.“

Сурекха, во Тамил Наду, Индија, од другата страна на морски теснец Палк блогира за трговците на ситна стока кои ја продаваат своите производи на фестивалите како овој. Фестивалите на храмовите покрај за локалната економија се одржуваат и за религиозните прослави. Тој го прикажува моментот со помош на фотографии и кратки поеми на тамилски јазик. Еден груб превод е овозможен тука.

Папагалот Тарот ја предвидува иднината
во гласот на стара жена
од снимачот на касети,
Изразување на чаршавот што заштитува
возилото предизвикува насмевка,
додека трговецот на
следниот киоск очекува муштерија
навикнат на Петер Ингланд маици.
Купив маица од него.

Инстант приврзаноста и инстант знаењето
ги има денес, но утре веќе не.
Сепак одлично место за поврзување
Купив книга од Илајараја.

Позади овие кули се влечат
многу тага,
очекувања и хипотеки.
Уништувањето на овие кули
ќе донесе само среќа
во многу домаќинства.
Купив малку сев.

Но секако не за мене!
За нивната посветеност на животот!!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.