- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тестирање на новото метро во Санто Доминго, Доминиканска Република

Категории: Латинска Америка, Доминиканска Република, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Технологија, Туризам, Уметност и култура

Луѓето врескаат, викаат и го поздравуваат кога ќе го видат дека поминува: во Санто Доминго во Доминиканската Република, најновата ѕвезда е Mетро транспортниот систем [1]. Градот зуи за новиот метро систем кој од минатата сабота започна да функционира пробно како тест носејќи посетители до и од Саемот на книги во Санто Доминго [2] [es]. Возбудените Доминиканци го снимаа метрото како поминува покрај нивните куќи на различни тест возења, и поставуваа видеа од себеси како пешачат во комплетираните метро станици и како патуваат во вагоните од возовите кои се толку нови што сѐ уште имаат најлони со меурчиња на седиштата.

Корисникот ное0324 [3] постави видео кое успева да го пренесе неизмерното очекување и гордост за овој масивен метод на јавен транспорт. Уште во првата минута може да ги чуете и видите возбудата на луѓето кои стојат на своите покриви покрај страната на метро патеката, се радуваат, веат знамиња и аплаудираат како што тој поминува. Видеото може да се види со следење на овој линк [4] или вклопено во видеото што следува.

ДЈБластор [5] ни прикажува една поинаква глетка: луѓе построени по тројца во колона чекаат да влезат во вагоните на метрото, и потоа луѓето трчаат да влезат за да видат дали ќе најдат место да седнат. Тој има 3 други видеа снимени истиот ден [5], со политички коментар кој се чини дека ја нагласува тековната поддршка за сегашниот претседател како и стапалата на луѓето едно до друго кои се гужваат во вагонот, и најголем дел од луѓето со широко насмеани лица.

Како што споменав погоре, се чини дека метрото ја зголеми популарноста на претседателот Леонел Фернандез, и беше преголема работа со која започна, бидејќи ова е негов втор непрекинат претседателски мандат [6]. Следново видео [7] беше поставено од мацацо993 [8] и тука може да го чуете народот како се радува и скандира “Леонел, Леонел, Леонел”:

Суперкрекерс [9] исто така направи снимка од минатонеделното посмирено влегување во метро системот, каде таа патува низ станицата, надолу и седнува, додека гледа деца и возрасни како среќно ги пукаат меурчињата од најлонот меѓу седиштата.