- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: Вулканската ерупција поттикнува соработка и шеги

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Катастрофи, Најважни вести, Туризам, Хумор, Рунет Ехо

Мајката природа му ја покажа својата сила на човештвото, дозволувајќи му на исландскиот вулкан со тешко изговорливо име „Ејафјалајокул“ да ја исполни европскиот воздушен простор со пепел. Како што облакот од вулканска пепел почна да се движи накај исток, се повеќе и повеќе аеродроми се затвораа, а тоа доведе до колапс на голем дел од европскиот воздушен сообраќај. Руските блогери, исто така засегнати од природната катастрофа реагираа на различен начин: правеа шеги, споделуваа информации, изразуваа вознемиреност и си нудеа помош едни на други.

Најактивната дискусија се водеше на виртуелната заедница Livejournal (30.000 посетители). Модераторите мораа да направат таг „вулкан [1]“ [руски] со цел да го олеснат пребарувањето низ масата стории поврзани со ерупцијата. Блогерите си помагаа едни на други, давајќи си консултации во врска со правата на патниците, практиката на авиокомпаниите, понудата на хотелите и маршрутите за копнен превоз.

Некои блогери освен што споделуваат информации, ја понудија и својата помош. Lacrizza се понуди [2] да земе неколку луѓе од аеродромот во Москва – Шереметјево и да им обезбеди привремено сместување. Nata_vasilisa го понуди истото во Краков, Полска [3][руски]:

Если у вас кто-то застрял в Кракове в связи с вулканом, и негде переждать облако – я могу приютить.

Ако некој е заглавен во Краков поради вулканот и нема место каде да престојува додека облакот се тргне, јас можам да го засолнам.

Облозите исто така беа дел од оваа дискусија. Lj-user asy предложи [4] [руски] да се направи облог за денот на завршување на забраната за летови. Во прилог се прикажани најинтересните:

так как наш рейс на завтра с вероятностью 99,999% отменят, то сделаю ставку, что именно полное снятие ограничений будет в районе 3-4 мая. Правда к тому времени большинство а/к обанкротятся в виду возвратов денег за полеты 🙂

Бидејќи нашиот лет утре ќе биде откажан со веројатност од 99,999%, ајде да се обложиме дека забраната за летови ќе биде целосно отстранета некаде околу 3ти или 4ти мај. Како и да е, повеќето од авионските компании ќе банкротираат до тогаш 🙂

elena_w1 [5]:

У меня билеты в Париж на 9 мая. шансы к тому времени 50/50. но я вообще думаю что конец света наступает- так что….думаю что больше ничего летать не будет

Имам билети за Париз за 9ти мај. Мислам дека шансите летот да се реализира се 50-50. Воопшто мислам дека се приближува крајот на светот, така што… Мислам дека авионите нема воопшто да полетаат.

Allevtinka саркастично одговори [6]на тоа:

вот кстати да! прошлый раз этот вулкан пыхал 2 года подряд. (200 лет назад). Если к 2010+2=2012 🙂 как всё просто, однако!

Патем речено, да! Овој вулкан последниот пат кога еруптирал, останал активен 2 години без престан (пред 200 години). Така што 2010+2=2012 😉 многу е едноставно.

ingushetiya_ru го цитираше делот од Куранот [7], кој што се однесува на апокалипсата:

Исчекувајте го Денот кога на небото ќе се појави видлив чад.

Yuri-yum упатува на тоа [8] дека ерупцијата е повеќе случај на содомија (неприроден полов однос) отколку Суден ден. Тоа се однесува на личноста на исландската премиерка Јохана Сигурдардотир, која е прв светски лидер на хомосексуалците [9].

Темата за апокалипсата била прилично популарна меѓу блогерите. Некои од нив споделија слики од Владимир Манјукин [10] [руски], кои ја опишуваат Москва после „нуклеарната зима“.

Црвениот плоштад во апокалипсата, фотографија од Владимир Манјукин

Црвениот плоштад во апокалипсата, фотографија од Владимир Манјукин

dmitrivrubel напиша [руски] [11]:

Летайте самолётами компании “Эйяфьятлайокудль”! Почему до сих пор не придумали шлягера, мультика, нет ни одного сувенира? Ведь какой замечательный персонаж – м-р Эйяфьятлайокудль. И его супруга Мирдальсйёкюдль, которая ещё не проснулась.

Летајте со воздухопловните компании на Ејафјалајокул. Зошто сè уште нема песна, цртан филм, или сувенир? Толку прекрасен спомен – Г-дин Ејафјалајокул. И неговата сопруга Мирдалсјекјудл, која е сè уште во сон.