- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Eгипет: Исчезнување на луѓе

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Медиуми и новинарство, Политика, Протест, Религија, Слобода на говор, Човекови права

Можеби веќе слушнавте за штрајкот на 6ти април [1] што се одржа во Египет, и Eсра Абдел Фата [2], креаторот на Фејсбук групата [3] за штрајкот, која беше уапсена, а потоа беше објавено дека исчезнала неколку минути [4] откако беше ослободена.

Tоа е причината зошто Mичаелиту [5] одлучи да пишува овде [6] за неа и за други Еѓипќани кои исчезнаа во претходните неколку години.

Име: Реда Хелал … Добро познат писател во весникот Ал-Ахрам … тој напиша многу книги за Христијанството, Ционизмот, и Исламските движења, и на многумина не им се допадна што тој пишува, потоа тој исчезна.

Име: Вафа Костантин … Сопруга на бискупот која одлучи да ја промени верата во Ислам, по сопствена волја. На многумина Христијани не им се допадна тоа, и тие организираа демонстрации и папата повика на штрајк, потоа таа исчезна.

Име: Eсра Абдел Фата … Млада девојка од Египет, која не беше задоволна со високите цени и недостигот на леб во некои предели, па креираше група на Фејсбук и повика на генерален штрајк, потоа беше уапсена и подоцна исчезна.