- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Дамаск: Уништувањето на Стариот град

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Идеи, Историја, Протест, Староседелци, Уметност и култура

Дамаск [1] се гордее со тоа што е најстариот постојано населен град во светот. Историјата на Дамаск датира од 8000 г.п.н.е. Во секој агол на неговите антички улички се чувствуваат разните историски ери. Градот кој издржа сè, од земјотреси до инвазии, речиси десет милениуми, сега е под закана на „модернизмот“!

Саса од Сирија Њуз Вајр [2], состави серија написи за ситуацијата во стариот град Дамаск, и напорите за заштитата и зачувувањето на градот.

Првиот дел [3] од серијата написи се занимава со минатогодишниот план за рушење на античкото маало Ал-Амара со цел да се прошират патиштата надвор од ѕидовите на стариот град. Планот ги разбесни Сиријците, и насекаде се организираа протести додека полека не се смирија, сега засега.

Трговците беа гневни поради тие планови, а беа лансирани и Фејсбук и Блогер кампањата, што доведе до петиција [4]. Новинарите конечно дознаа за предлозите кои потоа станаа меѓународни вести [5]. Следуваше гром од ведро небо неколку месеци пред Дамаск да ја започне својата година на Арапски главен град на културата; УНЕСКО се закани дека ќе го повлече статусот на Дамаск како светско наследство доколку не се стори повеќе за заштита на стариот град.

Баб ал-Фарадис [6], ал-Амара, Дамаск

Вториот дел [7] е посветен на работите за презервација на улицата Медат Паша (Улицата наречена Права улица [8]) најдолгиот и еден од најстарите патишта во стар Дамаск. Саса ја признава важноста на овој проект бидејќи улицата беше затворена долго време, но жали за лошото планирање и произволната замена на делови со културно значење од античкиот пазар, како на пример покривот од времето на Отоманската империја кој има особено значење кое тој го објаснува:

Лимените покриви над Медат Паша и Соук Ал-Хамидије датираат од отоманското реновирање на арапските пазари. За време на револуцијата против Француската окупација, тие беа оштетени од огнено оружје. Останаа така скоро сто години. Зраците од сончева светлина кои пробиваат во темните пазари се преубави, и секојдневно потсетуваат на Сириската борба за независност. Но, со векови стариот покрив на Медат паша, кој беше украсен од историјата, беше заменет со нов, бел кров.

Улица Медат паша (Улицата наречена Права [8]), со нејзиниот антички лимен покрив.

Третиот дел [9] се однесува на античкиот кварт Саруџа, соседство кое во минатото било уништувано за да се направи простор за станбени блокови. Се стопираа плановите да се сруши остатокот од маалото, а одлуката дали ќе се спроведат или не ќе се донесе до крајот на годинава, вели Саса:

Но неодамна, организацијата која се грижи за Стариот град – и работи добро со Европската унија, презеде одговорност за Саруџа. Дали ќе се промени среќата на Саруџа?
Во изминатите неколку месеци, тие повторно поплочија дел од областа (со многу помалку непријатности отколку во Медат Паша).

Дали ова значи дека повеќе нема уништување?

Документите објавени од властите за модернизација на стариот град покажуваат дека ќе се донесе одлука за иднината на Саруџа до крајот на годинава.

Саруџа, Дамаск

Како што се стеснува обрачот на новата корпорациска култура околу стариот град, се чини дека единствениот начин тој да се сочува се напорите на граѓанското општество, кое успеа во одвраќањето на катастрофалните планови во ал-Амара, па се уште може да има надеж на крајот на тунелот.

Фотографии од Саса [2]