Важноста од поголема присутност на индиските јазици на Википедија
Википедија, бесплатната онлајн енциклопедија, го прослави својот петнаесетти роденден на 15 јануари 2016, бележејќи достигнување од 36 милиони написи на над 290 јазици (само Википедија на англиски јазик, го надмина бројот од 5 милиони написи). Како и да е, во оваа прилика би сакал да се осврнам на неколку важни прашања кои треба да ги заинтригираат Индијците. Првин, каква е состојбата со објавите на индиски јазик на Википедија? И, што Индија треба да присвои за себе, а што да придонесе за Википедија?
Со порастот на бесплатните и отворени софтверски извори во Индија, луѓето имаат поголема слобода од кога било. Особено со последните политики на федерално ниво, народот ужива подобра соработка со луѓе од различни култури, кои зборуваат различни јазици.
Сепак, постои огромен јаз во однос на пристапот до знаење на Интернет просторот. Од целосната популација – околу 1,26 милијарди, само 15-18% од луѓето имаат пристап до Интернет, и тоа главно преку мобилни телефони. Тоа значи дека техничката заедница сочинува само мал дел од популацијата. Би било корисно доколку постои некаков метрички систем за мерење на придонесот на оваа заедница кон ширењето на јазиците на Индија, како и кон ширење на нејзиното културно наследство.
Семејството на Википедија
Википедија не е обична енциклопедија. Таа е дел од „семејство“ сочинето од неколку членки на Open Knowledge. Самата Википедија е достапна на над 290 јазици, но исто така има и други мултилингвални ограноци како Wikisource (онлајн библиотека за важни текстови и работи од јавен карактер), Wikimedia Commons (најголемата архива на медиумски датотеки и документи), Wikibooks (бесплатна библиотека на учебници), Wikivoyage (слободен и отворен прирачник за патување) и Wiktionary (база да податоци на различни јазици). Овие проекти не само што содржат милиони слики, видеа, документи и текстови – туку тие и секому му дозволуваат да даде придонесе со своето знаење кон овој длабок извор на информации. Четири индиски јазици ги забележаа своите први записи на Wiki-world во 2002 година – Assamese, Malayalam, Odia и Punjabi. Некои луѓе можеби и немаат забележано дека „en“ во URL-то на Википедија, кој е индикатор за јазичниот код за англиски јазик, може да се замени со „or“ за Odia Wikipedia или со „pa“ за Punjabi Wikipedia.

Мапа на јазиците на Индија кои се во изумирање. Извор: UNESCO Interactive Atlas of the World's Languages in Danger.
Јазична неутралност
Според УНЕСКО, 197 од 1,652-те јазици на Индија се во изумирање, и покрај тоа што имаат долга книжевна и лингвистичка традиција, што е мошне шокантна статистика. Во една објава на блог на тема локализација на содржини, социјалниот претприемач Rajesh Ranjan, прашува дали бесплатните и отворените софтверски извори можат да помогнат во спасувањето на ваквите јазици што се во изумирање. Во контекстот на Википедија, веќе постојат 23 јужноазиски јазични проекти. Од нив, 20 се јазици набројани во Осмиот план од Уставот на Индија, што укажува на обврската на Владата во ширењето на овие јазици.
Повеќето написи на Википедија на јазиците од Индија се релативно мали во однос на другите јазици. Но Wikimedia не застанува тука. Додека само дел од владините веб страници се достапни на Хинди, Hindi Wikipedia веќе го надмина бројот од 0.1 милиони написи. Tamil и Malayalam Wikipedia одиграа централна улога во имплементирањето на основни обуки за работа на Wikipedia, како дел од наставната програма во државните училишта. Овие заедници одиграа и значајна улога во популаризирањето на бесплатните и отворени софтвери, стремејќи се кон достигнување промена на ниво на политика. Многу од јазиците на Индија стануваат активни проекти на Википедија, под чадорот на Wikimedia Incubator.
Maithili Wikipedia и Goan Konkani Wikipedia се две Википедија енциклопедии кои заживеаа во изминативе години. Светот стана свесен дека дигиталниот активизам им дава нов живот на јазиците како хебрејскиот и дека постојат голем број на говорители кои чекаат да добијат пристап до знаење на нивните мајчини јазици. Википедија може да биде одлична алатка за поддршка на дигиталниот активизам, преку отвореност и споделување.

Процентот на жени уреднички на Википедија е некаде околу 9%, според анкетата направена од Wikimedia Foundation во 2011. Фотографија на корисникот Goran tek-en (Извор: Wikimedia Commons)
Родова нееднаквост на Википедија: Импликациите за Индија
Индија е на првото место во Јужна Азија според индексот за мерење на родова недеднаквост. Стапката на писменост кај жените, од друга страна е алармантно ниска – 65.46%, во споредба со 82.14% кај мажите. Ваквата нерамнотежа е евидентна и во многу други општествени сектори, меѓу кои и политиката.
Но, родовата нееднаквост не е проблем само во Индија. Глобалниот бесплатен и отворен софтерски извор (FOSS) долго време се бавеше со ниското учество на жените – само 2-5% од соработниците. Поранешниот извршен директор на Wikimedia Foundation призна дека Wikipedia, како и другите отворени проекти, нема поддржувачка почва за жените. Но, Wikimedia community и Wikimedia Foundation работат на подобрување на состојбите. Проектите на Википедија на индиски јазици, се дел од ова глобално движење, со иницијативите како Women's History Month edit-a-thons, или Lilavati's Daughters project, каде се споделуваат биографии на индиски жени научници, што го збогатуваат просторот на Википедија.
Дополнување на дигитална Индија
Индија, со својата популација од 354 милиони граѓани, сè уште има долг пат до зголемувањето на Интернет содржините на индиски јазици. Кампањата на Владата насловена како Digital India (Дигитална Индија) настојува да обезбеди дигитална писменост и дигитални ресурси/услуги достапни на индиски јазици. Ова е во тесна врска со целта на движењето Wikimedia, да обезбеди бесплатен пристап до целосното човечко знаење.
Покрај Википедија, многу други отворени образовни ресурси и проекти за бесплатно учење, кои уште не се дел од кампањата Digital India, ја сигнализираат потребата за кампањата која се води на федерално ниво да биде поотврена за соработка. Соработките помеѓу заедниците и Владите како проектот NROER – кој се спроведува за да ги направи книгите National Council of Educational Research and Training достапни под лиценците Creative Commons; како и проектот IT@School во Керала – за обезбедување алатки за бесплатно и отворено образование, зедоа огромен замав и помогнаа во збогатувањето на онлајн содржините на индиски јазици.
Верзија на оваа статија претходно беше објавена на The Huffington Post.
The Bridge features personal essays, commentary, and creative non-fiction that illuminate differences in perception between local and international coverage of news events, from the unique perspective of members of the Global Voices community. Views expressed do not necessarily represent the opinion of the community as a whole. Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
The Bridge features personal essays, commentary, and creative non-fiction that illuminate differences in perception between local and international coverage of news events, from the unique perspective of members of the Global Voices community. Views expressed do not necessarily represent the opinion of the community as a whole. Сите написи
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!