- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бугарија: Фудбалер претепа манекенка

Категории: Источна и Централна Европа, Бугарија, Граѓански медиуми, Жени и род, Закон, Медиуми и новинарство, Спорт

Бугарија е прилично шокирана од веста дека играч на еден од најголемите фудбалски клубови во земјата, ЦСКА, ја претепал манекенката Кетрин Вачева.

Орлин Орлинов играл за тимот Славија пред да се приклучи на ЦСКА. Тренерот на Славија изјави дека Орлинов правел проблеми и порано. Кетрин Вачева е новинарка и топ модел и е позната личност во Бугарија. Таа го запознала Орлин Орлинов во ноќен клуб во Софија. Вечерта на 20 март, го одвела Орлинов во нејзиниот дом. И таму тој почнал да ја тепа.

[…] „Тој ме влечеше по подот. Се беше прекриено со крв […],“ рече Вачева на бугарската телевизија bTV.

Овој случај создаде прилив на популарни мислења на блоговите и сајтовите за вести во Бугарија.

Блогерот crossagency цитира од сторијата за несреќата [1][бугарски]:

[…] Утрото не можев да дишам. Му велев: „Те молам, потребен ми е доктор.“ Го видов клучот и избегав. Додека одев накај автомобилот, тој ми ѕвонеше и ми праќаше смс пораки. Тој рече дека ако не кренам на мобилен, ќе стане полошо. Јас му реков: „Ти си луд“- и тој одговори, „Да, но ти не можеш да сториш ништо околу тоа.“ […]

Друг блогер, sisko871, напиша [2] [бугарски]:

[…] Катрин избегала утрото од нејзиниот мачител. „Решив да споделам, бидејќи можеби други девојки ќе ја направат истата грешка и ќе бидат претепани од него на истиот начин.“ Орлинов признал дека не ја силувал Вачева, освен „само малку“. Се очекува јавното обвинителство да поднесе тужба против фудбалскиот играч на ЦСКА за напад и телесна повреда.

Novnkata напиша [3] [бугарски]:

[…] ЦСКА го поддржа Орлин Орлинов со изјавата на ТВ MSAT дека тој никогаш не ја удрил манекенката и новинарка Кетрин Вачева, која поднела жалба за силување и повреди. […]

На бугарскиот блог Goli dumi беше постиран скриншот [4] од дискусија помеѓу поддржувачите на спортистот [бугарски]:

Општеството е поделено. Некои мислат дека се работи за сериозен проблем, а некои мислат дека се работи само за ПР. Во изминативе недели, повеќето од бугарските ТВ станици дискутираа за случајов.