Младите Доминиканци од Хаити го бараат своето право на легален идентитет

Околу 50 млади доминикански мажи и жени со хаиќанско потекло, организирани во Movimiento Reconoci.do, маршираа од катедралата Сан Педро де Макорис до Националната палата во Санто Доминго барајќи обновување на нивните документи, притоа и нивната доминиканска националност, одземена арбитрарно преку административна одлука – R12 – донесена од Централниот изборен одбор во 2007 година.

Учесниците на маршот ја осудија злоупотребата и неконзистентноста на Централниот изборен одбор, кој сака да испрати помеѓу 19 и 22 илјади досиеја до Одделот за имиграција, пренесувајќи ги еднострано од граѓанскиот регистер во книгата за имиграција без никаква истрага.

Во написот, „Држава која сама си наштетува“, објавен на нејзиниот блог, општествениот активист Глориа Амезкита вели:

La indocumentación de la población dominicana de ascendencia haitiana, cristaliza varias de las fallas del Estado Dominicano en materia de derecho a un nombre y a una nacionalidad.

Недокументирањето на доминиканската популација со хаиќанско потекло го кристализира мноштвото мани на доминиканската држава во поглед на правото на име и националност.

Многу поддржувачи се здружија заедно под хаштагот #LevantaTuVoz (#Крени го твојот глас) на Твитер и одржуваат постојано покривање на настаните преку официјалната сметка @Reconoci_do.

Маршот започна во 8 часот од Сан Педро де Макорис, по благословот од отецот Луис Антонио, свештеник од парохијата на катедралата Сан Пабло Апостол, од каде тргнаа кон Санто Доминго и во петок, 12 април, кон Националната палата, каде засегнатата младина побара изјава од претстедателот Данило Медина, како првиот претседател на нација кој во кампањата пред неговиот избор изјави дека проблемот со Доминиканците со хаиќанско потекло ќе бидат на неговата агенда.

Младите ги повикаа општествените движења, црквите, работничките синдикати, уметници, политичари, спортисти и општеството во целина да се придружат на маршот: „Почитта за нашите права е гаранција дека сечии права се почитувани. Централниот изборен одбор треба да ги врати „нашите запленети документи““, рекоа организаторите.

За време на нивната рута, маршот беше чуван од полицијата и амбулантно возило, и двете кои се придружија како гест за поддршка.

Dominican youth of Haitian ancestry protesting for their rights. Used with permission.

Доминиканската младина со хаиќанско потекло протестира за своите права. Искористена со дозвола.

Viceminister of the Presidency Henry Molina receives the documents. Used with permission.

Вицепремиерот од претседателството Хенри Молина ги добива документите. Искористена со дозвола.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.