- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Топилница за олово тужи екологист

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Животна средина, Закон, Политика, Слобода на говор

Блогот Гринбокс извести [1] дека Тони Димитриевски, директорот на Метрудхем, корпорацијата што намерава да ја рестартира топилницата [2] за олово [3] во градот Велес [2], поднел тужба против еколошкиот активист Игор Смилев за „загрозување на сигурноста“, „неовластено снимање“, „клевета“ и „навреда“, барајќи отштета од 20.000 евра. До сега, само една политичка партија, ДОМ, која е членка на владеачката коалиција, протестираше [4] против оваа „неморална“ форма на притисок. Пред преминувањето во приватниот сектор, г. Димитриевски служел како раководител на УЈП [5] и бил назначен за директор [6] на државниот Тутунски комбинат [7] во Прилеп.