Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Видео-блогери снимаа по еден видео-запис на ден во 2010 година!

Како што беше најавено претходно на Global Voices, неколку колумбиски видео блогери одлучиле да направат по една видео-снимка на ден во текот на 2010 година. Додека не се сите завршени, важно е да се одбележи напорот на оние кои се придружиле на во оваа глобална идеја предложена од Хуан Фала (@juanfallaesp) (што беше објаснета во еден претходен пост на Global Voices).

Џулиан Маурицио (@Profetaloco), еден од видео-блогерите кој го прифати предизвикот и го заврши истиот, а резултатот од целата иницијатива го објави на Твитер:

3 colombianos decidieron terminar el reto #vlog365 ellos son @luisasantiaga @alejandroangel @profetaloco 1 video diario durante el 2011 [шпански]

3 Колумбијци одлучија да го завршат предизвикот #vlog365, a тие се: @luisasantiaga @alejandroangel @profetaloco правеа по едно видео на ден во текот на 2010 година.

Тој истo така го сподели своето задоволство за учеството во овој процес:

CUMPLI EL RETO #VLOG365 con muchas ganas de seguir haciendo videos hay @profetaloco pa rato ¡¡¡ 2010 año del videoblog en españoL ¡¡¡ [шпански]

ЈАС ОДГОВОРИВ НА ПРЕДИЗВИКОТ #VLOG365! Нестрплив сум да направам повеќе видеа, тука ќе биде @ profetaloco за кратко време!!! 2010 е година на видео-блогови во Шпанија!!!

Ова е негова видео снимка од 18 декември, 2010 со панорамски поглед на Кали, Колумбија:

Лиуза Сантијага (@Luisasantiaga), која снимала нејзин видео запис од Картагена, го објасни предизвикот во нејзиното последно видео на годината.

Лузиа преку нејзината веб-локација „Картагена 365“ им се заблагодари на оние кои ја следеа нејзината работа и пишуваа за нејзината намера за продолжување на снимањето видео записи:

Gracias por acompañarme y darme todo su apoyo durante todo este 2010.¡Espero su compañia  durante el 2011, por que Cartagena365 no se termina! Así que tendrán más de Luisa Santiaga por mucho tiempo jeje.(шпански)

Ви благодарам за вашата поддршка во текот на 2010 година. Се надевам ќе ме дружите и во текот на нареднава 2011 година, бидејќи „Картагена 364“ не е завршена! Па, ве очекува многу повеќе од Луиза Сантијага во наредниот период период, хехе.

Алехандро Ангел (@alejandroangel) го запомнил својот прв видео запис од 2010 година:

Año nuevo vida nueva… hace 365 días… http://365.alejandroangel.es/dia-1-ano-nuevo-vida-nueva/ #video

Нова година, нов живот… пред 365 дена… http://365.alejandroangel.es/dia-1-ano-nuevo-vida-nueva/

Исто како Луиза Сантијага (@LuisaSantiaga) и тој одбра да зборува на еден свој видео запис за иницијативата за блогирање на видео записи, за „Проектот 365“, на којшто стана член преку следниов сајт: Alejandro Angel – Proyecto 365 [шпански].

Несомнено, многу работи преовладале во работата на овие видео блогери: поплави кои се последица на силни дождови [шпански](ЛуизаСантијага), преглед на концертот, [шпански] како и зборовите на скоро завршениот матурант [шпански] (Профеталоцо), заедно со дожд во градот Баранкила [шпански] и музички ноти на хармоника [шпански] или на пејачи во Исла де Таганга [шпански], се едни од видеата кои беа објавени од овие блогери во текот на годината.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.