Египет: Се формираше анти-штрајк Фејсбук група

За да се ослободат од цензурата, активистите во Арапскиот свет цврсто се ослонуваат на онлајн алатките за да ги пренесат своите пораки и да го изложат она што тие го опишуваат како бруталност на државата кон граѓаните. За минатонеделниот штрајк на 6ти април во Египет се отвори муабет во Фејсбук група, која досега привлече повеќе од 71,200 членови. Сега Египетскиот блогер ГЕМУХОооД (Ar) ни кажува за една aнти-штрајк Фејсбук група, која има околу 1,000 следбеници.

ГЕМУХОооД очигледно не е задоволен што поддржувачите на претседателот Хосни Мубарак го најдоа својот пат до Фејсбук и вели:

Очигледно е дека хипокритите и кучињата на Мубарак открија дека Фејсбук е прикладен и преку него, вие можете да ги соедините невработените млади луѓе, кои немаат ништо друго да прават, и исто како што 70,000 луѓе се собраа за штрајкот, тие можат да соберат на едно место 70,000 против него.

Одеднаш може да се види платена реклама на левата страна на сајтот на Фејсбук, која ги осудува немирите и вознемирувањето на Египетската национална безбедност и повици за учество во Фејсбук група против идејата за штрајкот и што се случи за време на штрајкот и ја вознемири Египетската национална сигурност.

Групата се опишува себеси на Фејсбук и вели:
Повикот за штрајк на 6ти април дојде преку Фејсбук, и преку Фејсбук треба да дојде и кампањата за осуда на уништување на имотите на луѓето и тероризирање на мирољубивите луѓе. Она што се случи во Ал Махала е опасност за секого, а и за Египетската национална сигурност. Политичките сили особено ја носат одговорноста за ситуацијата која излезе од раце без да може да се контролира. Безбедносните сили исто така треба да се обвинат откако беа брутални кон луѓето без дискриминација.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.