- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Бојкотирајте го светот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Економија и бизнис, Меѓународни односи, Политика, Протест, Религија

Луѓето во светот користат економски притисок протестирајќи против политички одлуки со повикување да се бојкотираат производи од одредени држави. Со се повеќе држави константно додавани на листот на бојкот, Египетскиот блогер Taрек [1] ја споделува следната необична идеја. Бојкотирајте го светот, вели блогерот.

Taрек пишува:

Бојкотирајте ги Данските производи поради навредливите цртани филмови
И Холандските производи поради филмовите кои ја исмејуваат религијата
И Американските производи поради нечовечкиот начин на коишто тие ги третираат Арапите
И Британските производи бидејќи тие го претресуваа папата Шенуда на аеродромот
И Кинеските производи бидејќи тие не веруваат во ниту една од монотеистичките религии
И Египетските производи бидејќи некои луѓе псујат на туѓите религии кога ќе започнат расправија
Ова е причината зошто, поттикната од овој блог, за да ги заштитам монотеистичките религии и добрите манири,
Ве повикувам сите да го бојкотираме светот!
Бојкотирајте го целиот свет.