Египет: Бојкотирајте го светот

Луѓето во светот користат економски притисок протестирајќи против политички одлуки со повикување да се бојкотираат производи од одредени држави. Со се повеќе држави константно додавани на листот на бојкот, Египетскиот блогер Taрек ја споделува следната необична идеја. Бојкотирајте го светот, вели блогерот.

Taрек пишува:

Бојкотирајте ги Данските производи поради навредливите цртани филмови
И Холандските производи поради филмовите кои ја исмејуваат религијата
И Американските производи поради нечовечкиот начин на коишто тие ги третираат Арапите
И Британските производи бидејќи тие го претресуваа папата Шенуда на аеродромот
И Кинеските производи бидејќи тие не веруваат во ниту една од монотеистичките религии
И Египетските производи бидејќи некои луѓе псујат на туѓите религии кога ќе започнат расправија
Ова е причината зошто, поттикната од овој блог, за да ги заштитам монотеистичките религии и добрите манири,
Ве повикувам сите да го бојкотираме светот!
Бојкотирајте го целиот свет.

1 коментар

  • Ајнштајн донекаде бил во право кога рекол дека “Само просторот и човечката глупост се апсолутни, за просторот се сомневам, а за човечката глупост …“
    На нетов човек може да нелета на многу мудрости но и на многу ГЛУПОСТИ, меѓу кои спаѓа и оваа што ја откинал типов од Египет. Сепак, на човечката глупост човек треба да гледа како на ПРЕДИЗВИК, добар камен теменилник за идна мудрост, бидејки ако не постои ГЛУПОСТА невозможна е и МУДРОСТА, ќе биде укината ПОЛАРНОСТА, континуумот кој са протега од ГЛУПОСТА и завршува со МУДРОСТА.
    Факт е дека човек треба нешто да БОЈКОТИРА ИЛИ ПОРЕКНУВА, најдобар израз е ДА ИЗБЕГНУВА или ДА НЕ КОРИСТИ, но битно е едно ЗОШТО?
    Битен е МОТИВОТ.
    ШТО човек ќе избегнува (бојкотира), КАКО тоа ќе го прави, е одредено од МОТИВОТ.
    Во конкретниов случај типов БОЈКОТИРА ЗЕМЈИ И НИВНИ ПРОИЗВОДИ ОД РАЗЛИЧНИ ПОБУДИ (МОТИВИ), ЗА КОИ ЛИЧНО МИСЛАМ ДЕКА СЕ ЗАСНИВААТ ВРЗ НЕГОВИ СУБЈЕКТИВНИ ПРЕДРАСУДИ.
    Човекот има СЛОБОДНА ВОЛЈА И ИМА ПРАВО НА СЕЛЕКЦИЈА, ПРАВО ДА БИРА СО ШТО И КАКО ЌЕ СТАПИ ВО КОНТАКТ И ШТО И КАКО ЌЕ ИЗБЕГНЕ КОНТАКТ.
    Човекот прави ПОЗИТИВНА И НЕГАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА.
    Но, ЕДНА ВАКВА НЕГАТИВНА СЕЛКЦИЈА КАКО ОВАА – БОЈКОТИРАЈ ГО ЦЕЛИОТ СВЕТ – Е РАМНА НА ГЛУПОСТ.
    Мој личен став е – СОЧУВСТВУВАМ СО ОНИЕ ШТО ГО БОЈКОТИРААТ СИОТ СВЕТ, БИДЕЈКИ СО ТОА СЕ БОЈКОТИРААТ САМИТЕ СЕБЕСИ, БИДЕЈКИ НАДВОРЕШНИОТ СВЕТ Е ПРОЕКЦИЈА НА ВНАТРЕШНИОТ СВЕТ.

    MAY GOD BLESS YOU.

    Поздрав,

    By Jove.

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.