Франција: Грижа и надеж во јапонската заедница

Овој напис е дел од нашата специјална страница за земјотресот во Јапонија во 2011 година.

Во Франција и на други места, петокот, 11 март 2011 година, застрашувачките слики од земјотрес и цунами ги загрижија јапонските иселеници низ целиот свет. Многу од нив го поминале денот на катастрофата обидувајќи се да контактираат со своите најблиски преку интернет и оттогаш работат на тоа да им дадат на своите сонародници некоја ментална подршка.

Од самиот почеток, хеликоптери од јапонскиот NHK јавен телевизиски канал, однапред го емитуваше разорниот бран во живо. Оваа снимка беше земена и брзо пуштена на тв-каналите на француските вести, дозволувајќи им на јапонските иселеници да го следат развојот на ситуацијата во живо.

Фотограф и блогер Тоно Марико, живее ви Париз, Франција, опиша како дознала од вестите:

フランス人の友人からのメールで起きました。

朝から地震のニュースを見ています。

Ме разбуди еден мејл од еден француски пријател.

Ги гледав вестите цел ден.

Марико веднаш се обидела да го контактира нејзиното семејството во Јапонија преку интернет:

なかなか電話が通じませんでしたが、家族とは無事に連絡が取れました。

海外にいながら限られた情報しかないので何も出来ないけれど、今日はネットやTwitterなどのありがたさを実感。

Беше тешко да се воспостави телефонски повик, но конечно успеав да го добијам моето семејство.

Сметам дека е тешко да се добие информации кога сум во странство. Но сега знам зошто е важно да го користам твитер и интернетот.

Далеку од нивната матична земја, членовите на јапонската заедница во Франција во текот на овој случај се чувствуваа немоќни.

На нејзиниот блог, една јапонска жена омажена за французин, дава поддршка прикачувајќи слики со цвеќиња, за да омекне насилството од сликите на телевизијата, напис во кој самиот наслов го отсликува шокот на авторот:

どんな言葉や行為が心を救えるかもわかりません。

ただただ一方的にお心を強く持たれるよう祈ることしかできません。

Незнам што да направам или да кажам за да ги утешам.
Можам само да се молам за да им помогнам да се чувствуваат посилни.

Додека опасноста продолжува во Јапонија, а тоа загрижува, некои иселеници подзастанаа и се запрашаа за иднината на својата матична земја.

Во еден пост, блогерот Конкатсу предвидува какви позитивни ефекти би имало јапонското општество по земјотресот:

「あ、死ぬかも」と、思った人がすごく多かったと思います。そういうことを人間が感じる時間が来たとき、やっと立ち止まることができて、「そもそも、自分は何したいんだっけ?」「何のために生きてるんだっけ?」と考えると思うんです。そして、普段以上に「一人じゃ不安。誰かと一緒にいたい」とも。

今回の地震で、よっぽど直接的な打撃を受けてない人たち、つまり東京にいる人たちは 普段以上に、他人と一緒にいることを強く大事だと思ったんじゃないでしょうか?

その上、停電に備えての節電。「停電」、「節電」というキーワードがニュースになり始めたとき、これはベビーブームが来るかもしれないという 淡い思いつきが。。。

Сигурно многу луѓе си имаат кажано себеси , „Ох, јас ќе умрам”. Кога се случуваат вакви настани, личноста конечно запира и започнува да мисли. „Всушност што чекав јас во животот? Што направив досега? Мислам дека е тип на прашање кое што ви паѓа на ум дури и повеќе од вообичаеното: „Самотијата ме прави нервозен, сакам да бидам некој.”

За оние кои немаат претрпено голема штета, мислам на луѓето од Токио, можеби е повеќе од вообичаено да имаш некој до себе?

Исто така, Јапонците ја штедат енергијата по соопштувањата за очекување за недостиг на енергија. Кога ги видов клучните зборови „недостиг на енергија” помислив дека многу може да се покачи наталитетот.

Овој напис е дел од нашата специјална страница за земјотресот во Јапонија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.