Грузија: Новинари отпуштени поради говор на омраза на Фејсбук!

На 18 март 2011 година, грузискиот јавен радиоспикер отпушти двајца од новинарите, Ѓорги Тукарели и Ѓорги Габрихиџе, поради навредувачки изјави на Фејсбук против хомосексуалците, како и против Ватикан и Католичката црква. Новинарите ги напишаа коментарите на ѕидот на својот профил, Јас не го сакам мојот патријарх, но и покрај тоа што коментарите веќе во истиот момент исчезнаа, некој успеал да направи кадар на екранот, т.е. да го сними сето тоа и веднаш потоа да го објави на интернет.

Според соопштенијата, Габрихиџе и Тукарели самите се повлекле од оваа ситуација, а Вако Санаја, главниот спикер на програмата која тие ја воделе, лично разговарал со нив. Тој им соопштил дека би било невозможно тој да продолжи и повторно да работи со нив во иднина. „Нивните коментари несоодветствуваат на нашите стандарди и начинот на работа“, рече Вако Санаја за media.ge. „Новинарите сами се откажаа од работата, а тоа е и она што го посакував“. Санаја исто така рече дека уште од самиот почеток не би работел со нив да знаел дека тие се такви хомофоби.

„Јас сум шокиран. Не можев да поверувам дури не видов со свои очи. Габрихиџе и Тукарели беа едни од најдобрите во својата професија, тоа го имаа докажано неколкупати со ризикување на нивните животи во неколку ситуации во Египет“. И покрај сето ова, програмот имал своја слика, која подоцна била изложена во јавност. „Ние го осудуваме ваквиот начин на изразување на новинарите, доколку тие го напишале тоа на својот ѕид на Фејсбук“, рече Руздан Вашакиџе, уредникот на програмата, за onlinenews.ge.
Според Netgazeti.ge, Вашакиџе разговарал со Габрихиџе на телефон, а веднаш потоа ги демантирал тврдењата дека неговиот профил бил хакиран, додека оние одговорни за програмот на кој работеле, велат дека Фејсбук е јавно место и новинарите би требало веќе да знаат дека сè она што ќе објават може негативно да влијае на нив. Габрихиџе и Тукарели го прекршија кодексот на етичко однесување на грузискиот јавен радиспикер, па така што мораа да бидат отпуштени.

Во меѓувреме, на најголемата социјална мрежа Фејсбук со 516.300 корисници од државата, многумина се согласија со Вашакиџе, велејќи дека Фејсбук е навистина јавно место и дека она што Габрихиџе и Тукарели го сториле е сепак погрешно. Извештајот на Вако Санаја претставува еден неделен преглед на настани и случувања надвор и внатре во државата Грузија. Габрихиџе се приклучи во програмата пред година дена, а Тукарели беше вработен во септември.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.