- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кратки филмови од Чиле: Микро и Мини филмови на веб

Категории: Популарен напис, Латинска Америка, Чиле, Владеење, Граѓански медиуми, Здравје, Идеи, Образование, Уметност и култура, Хумор

Од Чиле имаме три примери за креирање онлајн видеа: прво, кандидатот за претседател од Чиле ги искористува предностите на алатките за онлајн видео за да создаде документарци и интервјуа за веб дистрибуција, следно, два независни продуценти на кратки филмови со видеа во кои се зборува за сиромаштијата, инвалидитетот, старите навики кои не умираат лесно и зошто да не? Љубов.

Марсело Тривели [1], претходно споменат на Глобал Војсис [2] за неговиот интерес за промоција на проектот Компјутер за секое дете во Чиле, како дел од неговата претседателска кампања. Следново видео беше поставено на неговиот ЈуТјуб канал [3], а зборува за ситуацијата во која живеат децата на улиците на Сантиаго де Чиле, каде дрогата и кражбите се нивно секојдневие. Видеото има титлови на англиски, а оригиналот на шпански може да го погледнете на овој линк [4].

Исто така влогерот Џосе Кордова Лианос [5] креира видеа за прашања кои се важни за него: тој победи на онлајн видео натпреварот против злоупотребата „Генера“ [6] со неговиот краток филм „Шепот“ [7], кој покрај јазичните бариери, носи порака за ефектите од психичката злоупотреба која може да биде разбрана од луѓе од целиот свет. Неговите две следни видеа учествуваа во онлајн натпревар на 1 минутни видеа, во овој случај, Телетон во Чиле: неговото трогателно видео „Научи ме [8]“ носи порака со цел да се научат децата да не дискриминаат, илустрирајќи го со едноставна слика од фигури од деца направени од хартија, додека „Ограничен [9]“ е хумористично сценарио кое покажува дека да се биде со нарушен „здрав разум“ е многу поограничено отколку да не си во можност да се движиш без помош.

Оригиналното трето видео од џосекордоваланос, во кое јас навистина уживав, е „Лоши навики [10]“, кое ги исмејува моменталните параноични трендови за сигурноста. Следува, титлувано на англиски:

Последното видео, од ЈуТјуб корисникот Патон1212 [11] е едноставно наречен „Те сакам“. Може да го погледнете на крајот од овој пост или директно од неговиот извор [12].