Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Самит на Глобал Војсис 2010: Одбројување до Сантијаго

Ангола, Аргентина, Америка, Австралија, Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бутан, Боливија, Бразил, Камбоџа, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Данска, Доминиканска Република, Египет, Франција, Гваделупе, Гватемала, Хаити, Хонг Конг, Индија, Иран, Италија, Јапонија, Казахстан, Кенија, Либерија, Македонија, Maдагаскар, Maлави, Meксико, Moнголија, Mароко, Холандија, Нигерија, Пакистан, Парагвај, Перу, Филипини, Полска, Португалија, Порторико, Русија, Србија, Јужна Африка, Шпанија, Шри Ланка, Шведска, Швајцарија, Сирија, Тајван, Танзанија, Тринидад и Тобаго, Велика Британија, Украина, Уругвај, САД, Узбекистан, Венецуела, Јемен.

Овие, доколку се прашувате, се 60-те и повеќе земји, кои ќе бидат претставени на годинешниот Самит на Глобал Војсис за граѓански медиуми.

Библиотеката во Сантјаго,местото на Самитот на Глобал Војсис -Граѓански Медиуми 2010. Фотографија од Библиотеката на Сантијаго

Библиотеката во Сантјаго,местото на Самитот на Глобал Војсис -Граѓански Медиуми 2010. Фотографија од Библиотеката на Сантијаго

За 20 дена, на 6 мај 2010, преку  200 луѓе од четирите страни на планетата Земја, ќе се соберат во Библиотеката на Сантијаго во Сантијаго, Чиле, за  Самитот на Глобал Војсис за граѓански медиуми 2010. Да се собере толкав број луѓе од планетата бара многу работа и ние од тимот за планирање, изминативе неколку месеци ги потрошивме обидувајќи се да сфатиме како да ги сместиме луѓето од градовите како Лилонгве, Коломбо, Порт-о-Пренс и Улан Батор во Сантјаго, резервирајќи хотелски соби, регулирање на визните апликации и најмногу, оформување и дефинирање на форматот и програмата на Самитот. Потоа, негово повторно рафинирање.

Овогодинешната програма вклучува пленарни дискусии, тематски базирани работни групи, отворени сесии во стилот на “неконференција” и прагматични тренинг-работилници. Десетминутни прикажувања на извонредни граѓански медиумски проекти ќе бидат презентирани низ целиот настан. Ќе бидеме онлајн, со учество во точното време и ќе го фотографираме, преведуваме и објавуваме знаењето и дискусиите коишто ќе произлезат од состаноците како дел од процесот.

Исто така, возбудени сме од објавата на резултатите од инаугурацијата за наградата Гугл/Глобал Војсис-Рушење на границите, кое ќе се оддржи вечерта на првиот ден од самитот на 6 мај. Наградата овозможува препознавање на исклучителни онлајн иницијативи кои ја промовираат слободата на изразувањето, а победниците ќе бидат превезени авионски до Сантијаго за да присуствуваат на самитот и на церемонијата на доделувањето на наградите.

Ако сакате да ни се придружите во Сантијаго, се уште имаме место. Може да се регистрирате преку веб-сајтот на Самитот, којшто е и на шпански. Цената за регистрација е 75 долари, која го покрива присуството на дводневниот настан, со посебна цена од 40 американски долари (CPL$22,500) за жителите на Чиле.

Ако сакате да ни се придружите, но не можете, ќе објавуваме делови од програмата во живо на 6 и 7 мај. Исто така, читајте ги  блоговите од заедницата на Глобал Војсис и нашите говорници на веб-сајтот на Самитот и следете не на Твитер и Фејсбук.

Повеќе вести за самитот многу наскоро!

Самитот на Глобал Војсис за граѓански медиуми 2010 е овозможен од  Гугл, Фондацијата МекАртур, Институтот Отворено Општество, Фондацијата Најт (Knight Foundation), Хивос (Hivos), Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и Јаху, со поддршка од  Фондацијата Интелигентно Граѓанство (Fundacion Ciudadano Inteligente) и Опсерваторија на Дигитални Комуникации.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.