Со многу мало, скоро никакво, покривање од мејнстрим медиумите за незгодата на илјадници луѓе во богатите фосфорни рудници на Гафса, Редјеф и Ом ел Арајес, туниските блогери и активисти се свртеа кон интернетот за да ја пренесат пораката на светот.
Протестите од работниците против инфлацијата, зголемените трошоци за живеење и правото на вработување во богатите рудници, од страна на владата се третираат со безбедносни репресии и токму поради тоа беа уапсени многу протестанти. За прв пат до сега, туниските блогери се здружија со активистите и други онлајн корисници за да им овозможат на оние без глас да зборуваат – на Твитер, како твитерите на Хоиенда; со вклучување и придонес на Фејсбук групата за поставување новости за ситуацијата (134 членови до сега); со поставување на видеа на ЈуТјуб (кој е забранет во Тунис).
Ова видео, од Слободен Тунизиец, прикажува некои од протестите на фамилиите на оние кои беа уапсени во немирите. Повеќе видеа се достапни на линкот погоре.
Исто така, многу од овие онлајн простори споделуваат еден текст креиран од Сојузот на човекови права на Тунис (текст е објавен на арапски од Самсоум и на официјалниот сајт на сојузот).
Освен тоа, постои и локален комитет кој е креиран со цел да ги застапува барањата на жителите на Гафса, наречен Comité de Soutien aux habitants du bassin minier de Gafsa (Сојуз за поддршка на луѓето од рударската зона на Гафса), кој ја креираше Фејсбук групата за поддршка.
На блогови, КОС-МАКС-ПОЛИС (Fr) напиша два поста: еден за ситуацијата и друг за одговорот и дезинформациите од страна на туниската влада.
Пишувајќи на арапски, Фатима-Арабика го нарекува инцидентот Револуција на глад. Таа изнесува некои од проблемите во контекстот, велејќи:
На 5 јануари се случија серија од протести откако беа објавени конечните листи со они кои ќе бидат вработени во фосфорната компанија во Гафса, кои траат се уште во Ал Редјеф и Ом ел Арајес. Веќе повеќе од осум недели, млад човек од Ал Редјеф протестира во шатор со штрајк со глад, со цел да добие минимални права од социјалната правда и неговото право на вработување. Во Ом ел Арајес, домовите кои ги имаат изгубено своите хранители во несреќата во компанијата, се уште живеат во шатори, во предградието на Ом ел Арајас, лоцирани во компанијата за фосфор на Гафса, каде тие протестираат за вработување на нивните синови во компанијата.
Фатима исто така објавува и фотографии од протестите.
Карпедием-селим (Fr), во меѓувреме, објавува детален пост за бруталноста на полицијата кон штрајкувачите:
Полициските сили, кои беа многубројни, не се двоумеа да користат варварски методи против граѓаните кои си ги бараа основните права за работа: се слушаа истрели од оружје, беа фрлени солзавци, низ улиците патролираа полициски кучиња, протестантите беа брутално тепани јавно и беа изведувани агресивни ноќни рации, нарушувајќи го имунитетот на [граѓанските] домови, кои натераа неколку млади луѓе да ги напуштат домовите и да ја поминат ноќта во планините кои го опкружуваат градот. Постои страв кој се влеан во целиот град поради заканите од упадите во сите соседства, комплетното блокирање на градот и запирањето на целиот сообраќај.
Брасток (Ar), пишува за овие апсења, прашувајќи кои се нивните злосторства. Тој пишува:
Тие велат дека неколку луѓе се уапсени, вклучувајќи активисти и претставници на синдикатот, како и луѓе кои немаат никаква врска со политиката. Нивниот единствен престап е тоа што тие прашаа зошто кога нивната земја е толку богата со минерали,работат во рудниците 24 часа на ден, го жртвуваат нивниот живот во нив, како и животите на овие кои се дојдени пред нив и генерациите кои ќе следат, тие се уште се гладни и невработени? Можеби е нивна грешка што овој пат тие ги искажаа своите интереси јавно?