- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Независноста на жените во центарот на вниманието

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Жени и род, Медиуми и новинарство, Хуманитарен одговор

OTВ е приватен Египетски сателитски ТВ канал кој го привлече вниманието на своите гледачи уште од првиот ден кога започна да се емитува, благодарение на својот либерален пристап, проблемите со коишто се занимава и начинот на кој ги разгледува, кој е различен од конзервативните и традиционални ТВ канали.

Египетскиот блогер Заман Ел Васл [1] (Ar), дискутира овде за една епизода од ова ток-шоу што беше емитувано за независноста на жените.

Јас сакам да го следам – секогаш кога можам – програмот кој се вика “Маса’ак Сукар Зејада” на ОТВ.
Еден дел од овој програм се обидува да ги реши емоционалните проблеми на луѓето. И на овој начин, јас дознав за младиот писател Maрва Рака [2], кој се обидува да ги реши проблемите на гледачите, и им дава совети што мене обично ми се допаѓаат.
Како и да е, за време на минатонеделната епизода, Марва, Жоржет Куелени – член на парламентот, и радио/ТВ водителот Бутаина Камел беа поканети да дискутираат за независноста на жените преку нивниот коментар за документарецот насловен Шест девојки.

Блогерот потоа продолжува:

Колку што јас разбрав, филмот е за девојки и жени кои биле принудени да ги напуштат домовите на своите родители и да живеат сами за да работат или студираат во други градови. Поголем дел од дискусијата беше за идејата за независност на жените – повеќе отколку дискусија за самиот филм.
Нивното мислење за независност беше поврзано повеќе со заминување на жените од домот на родителите и живеење сами кога е можно тоа. Марва и Бутаина го бранеа ова гледиште, додека Жоржет – и јас исто така – бевме против тоа, се додека жените не се приморани да го направат тоа.
Mојот став против оваа идеја не е поради религиозни или морални причини, и не е бидејќи јас се плашам од тоа што ќе каже општеството за една девојка која живее сама во посебна куќа додека нејзините родители живеат во истиот град!! Јас сум против оваа идеја бидејќи јас не го сметам – станбеното прашање – независност за реален симбол на човековата независност, било да се работи за маж или за жена.
Јас верувам дека независноста е нечија способност да донесува одлуки без да му требаат другите – освен ако не бара нивен совет. Независноста може исто така да биде нечија финансиска независност и неговата способност да се ослонува на себеси во вршење на своите дневни потреби како и да се грижи за потребите на членовите на своите потесно семејство.

Еден од гледачите на шоуто имаше различен поглед.

Еден од гледачите – чиј глас звучеше како глас на мајка – праша: Зошто децата сакаат да ги лишат своите семејства да бидат блиски меѓу себе и да делат љубов и грижа се додека не им дојде време да си заминат?

Всушност, луѓето овде во Египет се навикнати да живеат со своите семејства се додека не се омажат/оженат. И токму затоа многумина кои коментираа на овој пост беа против идејата младите да се отселат од домовите на родителите, особено кога станува збор за девојките.