Адвокат за мир од Уганда номиниран за Нобелова награда за мир

Ова е Уганда (ОваЕ256) е платформа од талентирани писатели од Уганда кои се решени да пишуваат позитивни стории за нивната држава,  осудувајќи ги сториите околу порното од сиромаштија, гладот, Еболата и племињата, помеѓу останатите. Тие се надеваат да презентираат автентична, рефлективна, искрена, и објективно избалансирана студија за Уганда која никогаш не можете да ја најдете во западните мејнстрим медиуми.

Нивната последна сторија е за Виктор Очен, поранешно внатрешно раселено лице, кој е номиниран од Сервисниот комитет американски пријатели (AFSC), “Quaker” организација за социјална правда, за Нобеловата награда за мир.

Во минатото, AFSC го номинирала Дезмонд Туту, Мартин Лутер Кинг Џуниор, и претседателот на САД, Џими Картер, и сите номинирани ја освоиле наградата. Организацијата неуспешно го номинирала Махатма Ганди, кој никогаш не ја освои Нобеловата награда за мир, иако беше номиниран пет пати во периодот помеѓу 1937 и 1948.

Очен, 33, е основач на Африканската мрежа за младинска иницијатива, која се наоѓа во Лира, Уганда, во 2005, која работи на медицинска рехабилитација на жртви од изгореници, осакатувања од секој вид, силување и психолошка тортура како и промоција на млади лидери. Таа прерасна во позната меѓународна мрежа на медицински професионалци кои помагаат на жртвите повторно да ги изградат своите домови и основните услови за живеење. Според Ова е Уганда:

Тоа што Виктор го направи ова од чисто сочуство го додаде на оваа престижна листа. Како тинејџер во кампот Абиа кој беше дом на повеќе од 40,000 луѓе, тој формираше клуб на мирот со неговите врсници. Оваа иницијатива ги налути возрасните „Зошто зборуваш за мир кој никогаш не си го видел?“ Тој бил со претприемнички дух; си го ризикувал животот горејќи јаглен за да собере средства за училишните трошоци. Потоа тој се запишал во средно училиште и едвај можел да одвои време за неговиот бизнис со горење јаглен, па така тој станал чевлар, и ги поправал чевлите на децата од училиштето. Еден ден успешно изработил голема нарачка да ги поправи чевлите на училишниот фудбалски тим, но за несреќа парите од таа нарачка му биле украдени. Неговата напорна работа и омиленоста кај учителите му помогнале да го заврши средното образование

Срцето на Виктор беше на вистинското место дури и кога работеше со фондацијата „Straight Talk“ во Кампала, и преку интеракцијата со луѓето на терен сфати дека луѓето од Северна Уганда сакаат и повеќе од социјална помош, и сакаат и заслужуваат повеќе. Тогаш ја напуштил работата и ја основал Африканската мрежа за младинска иницијатива. Иницијативата ги мобилизира заедниците, особено младите, да се заземаат за мир и човекови права, помирување. Тие нудат психосоцијална помош на жртви од конфликти, повеќето од кои претрпеле тешка емоционална болка и се борат со простување, тие исто така поддржале повеќе од 5000 луѓе со реконструктивна хирургија, особено жени чии усни биле отсечени, иницијативата исто така поддржува активности кои генерираат приход, формирани се 100 мировни клубови во училишта и универзитети во Северна Уганда и преку 6000 млади поминале низ програмата за градење мир и транзициона правда.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.