Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

„Заборавено“ шише вино доведе до оставка на премиерот на австралиска сојузна држава

Grange 59

Пенфолдс Гранџ 1959 – Слика: Ден Марфиз

Кој би помислил дека едно шише вино може да ги генерира 7 од десетте врвни трендови на Твитер во Австралија. Подарокот во вид на шише Гранд ермитаж од 1959 година кој вреди 3000 австралиски долари (околу 2029 евра) доведе до соборување на премиерот на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Бери О’Фарел. Тој избрал погрешно место да покаже „големо откажување на помнењето“ – клупата за сведоци на Независната комисија против корупција (НКПК – или во оригинал ICAC). Писмо на благодарност напишано со негов ракопис покажало дека лажно сведочел и довело до негова оставка.

Вакви важни вести се храна за твитови. Следните беа неизбежни:

Можеби не требало да го пие цело шише ако сакал да го запомни… #гранџгејт

Типичните мрзливи медиуми мора да додаваат „гејт“ (како „Вотергејт“) секогаш кога има политички „скандал“? #гранџгејт е ништо.

И самото писменце, секако, се шири вирално:

Бившиот премиер на НЈВ О’Фарел е сигурен дека писменцето од ГранџГејт може да постигне повеќе ретвити од селфито на Елен Оскар

Многу од муабетите на интернет беа за тоа дали познатото вино на Пенфолд од 1959 година навистина вреди колку што му е цената. Бен Каби, заменик уредник на Сиднеј морнинг Хералд, линкуваше кон авторот на рубриката за вино во неговиот весник:

Еве рецензија на мистериозното вино Гранџ од 1959 година од енологот од Ферфакс Хуон Хук

Дури се појави и лажно писменце од лажен политичар (вистинскиот Кристофер Пајн е сојузен министер за образование и член на истата парија како О’Фарел):

Драг Крис,

Ти благодарам уште еднаш за розовите вотка крузери. Те молам престани да ми ги праќаш. Ова станува чудно.

Бери О‘Ф

Се надевам дека нема да ги најдат писменцата од Бери до мене.

Твитерџиите беа безмилосни:

Да знаеше на времето што го чека, О’Фарел ќе поминеше подобро ако демантираше дека имал сексуални односи со тоа шише.

А тоа требаше да биде исполнет ден за премиерот. Требаше да учествува на конференција за медиумите со сојузниот премиер Тони Абот за да објават дека државата ќе финансира изградба на пат до втор аеродром за Сиднеј и да биде домаќин на прием во Сиднејската опера за војводата и војвотката од Кембриџ. Очигледно ги има пропуштено обата настани.

Barry O'Farrell

Бери О’Фарел. Фото: Тоби Хадсон, Викимедија ЦЦ-Наведи-извор 2.5

Инаку Бери О’Фарел е роден 1959 г.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.