Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Онлајн кампањата на Обама ги подели Етиопските блогери

Дијаспората на Етиопија започна политичка борба во САД, организирајќи веб страници, митинзи и имејл кампањи за да ги убедат своите сонародници да ја подржат претседателската кампања на Барак Обама.

Mногу Етиопјани се обединија од таа причина, ветувајќи кеш и гласови за Демократскиот кандидат чиј татко е од Кенија, земја сосед на Етиопија.

Но другите покренаа прашања околу кампањата, прашувајќи дали е во ред да се очекува Етиопјани-Американци да гласаат масовно за било кој кандидат.

На чело на оваа група за Обама е новиот блог Етиопјани за Обама, во којшто Етиопското патување за надеж, вели:

Повеќето Етиопјани емигрираа во Америка барајќи го американскиот сон – сон за подобар живот и нова можност. Повеќето пристигнаа во Америка одлучни да го исполнат ветувањето на кое е олицетворение Америка; осудени да го сфатат овој сон наоружан со малку повеќе од надеж од нивна страна. Етиопјаните – како сите Американци – примаат порака од Барак Обама, дека нашите животи се испреплетени со наши бескрајни заеднички работи.

Обединетите Етиопјани прикажуваат ЈуТјуб видео каде Етио-Американци зборуваат на почетокот на кампањата на Обама.

Јас имам дадено многу пари за кампањата [на Обама] бидејќи не бев во состојба да земам слободни денови од работа и да волонтирам во штабот во Чикаго, иако имам направено многу телефонски разговори во име на кампањата за секој нивен кандидат.

напиша Бернос во Една минута за Обама. Бернос исто така е многу зафатен преведувајќи го слоганот на Обама ‘Да ние можеме’ во Амхарик, еден од Етиопските главни јазици, за низа постери во цел на кампањата.

Eтиоблогот пишуваше за неговото растечко разочарување од кампањата на Клинтон во Заљубување во Клинтон и Бесмислиците на Клинтон. Блогот за Етиопска Политика посочува на друго ЈуТјуб видео опишувајќи го Обама како “олицетворение на Американскиот сон”.

Но Aбеша Бана Бeт се обрати со нота на предупредување во Дури Етиопјаните се луди по Обама:

Етиопјани. Ние не сме едно стадо на кое му треба насока. Нам не може да ни биде наложено од ниту една група (Етиопјани или не) за кого да гласаме без да ни кажат зошто. И тоа ‘зошто’ треба да биде одговорено со наше индивидуално истражување, а не од луѓето што сакаат да не искористат врз база наследство.

Сандачето за имејл на Toбиан ТинкТенк беше поплавено со ‘Oбамаганда’ од пријатели и роднини. Кога блогерот им одговори, кажувајќи дека стои зад Хилари Клинтон, тој доби некои непријателски имејли како повратен одговор. Во Сигурно, тоа мора да е од лезбејското училиште … тој напиша:

Една чудна работа која може да се забележи околу тоа кој ми ги праќаше овие мејлови е дека сите тие дојдоа од црни мажи. Моите пријатели кои се црни жени, се уште сите навиваат за Клинтон…

Јас мислам дека Хилари и Обама треба на крајот да објават заедничка кандидатура. Тие ја поделија Демократската партија токму по средина, и во нивни раце е сега да ја вратат партијата, државата повторно назад. И бидејќи оваа држава стои на ивица на стагнација, еден од моите колеги укажа, замислете си ја Хилари како претседател, Обама како потпретседател и Бил Клинтон како ‘премиер'(?). Дали е тоа моќна куќа, или е тоа моќна куќа?

Moнгрел опиша како тој останува без доверба во Обама, и покрај актуелниот степен на “масовна хистерија” за поддршка на Африканско-Американскиот кандидат.

Во Братска завера тој напиша:

Сериозно молам некој да стави рака на мене и да ми каже дека е во ред да се биде црн и да не се гласа за Обама…Мислам дека тоа е она со што се борам длабоко во себе. Или е тоа или пак случај на ОКН :-0

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.