Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

„Ме викаат Хаџ Агха“ – Иранската револуција во форма на компјутерска игра

Screenshot from the game 1979 Revolution

Скриншот од играта „Револуцијата од 1979“

Иранската револуција од 1979 година сега е компјутерска игра. Дизајнерот Навид Консари ги комбинира искуствата на своето семејство со прецизни истражувања за да произведе игра -авантура- со можност за повеќе избори во самата игра. Секој избор што ќе го направите, ќе ве однесе по различен наративен пат во самата приказна.

Консари е доста упатен во компјутерските игри. Тој има работено на многу популарниот серијал на игри „ГТА“ (Grand Theft Auto). За оваа игра гласовите за ликовите ги имаат позајмено многу славни актери и исто така и вклучува и снимки од домашните видеа на неговиот дедо.

Во интервју за канадскиот радиодифузер ЦБЦ (CBC), Консари ги раскажа своите детски сеќавања за иранската револуција.

I saw hope. I saw the possibility of change. I saw people coming together and embracing each other. Strangers.

“Видов надеж. Видов можност за промена. Видов луѓе што доаѓаат заедно и се прегрнуваат едни со други. Странци.

Неколку месеци подоцна, тој се криеше во својата куќа, додека надвор се пукаше во воздух а насилството стануваше сè поприсутно.

„Фокс њуз“ веќе објави дека играта „го налути Техеран“. Ако е така, тоа би можело да значи дека Техеранците се обидуваат сè повеќе и повеќе да ја играат самата игра.

Консари не го искористува овој гнев за публицитет. Тој чувствува дека раскажува приказна за луѓето на „патување на промени“ и не презема никаков политички став.

„Глобал војсис“ разговараше со Консари за „Револуцијата од 1979; Црн петок“.

„Глобал војсис“: Која е искрата што ја инспирираше играта?

Khonsari: The spark came from a trip I made to Iran. When I arrived in a small village in the South, I was approached by young Iranians who knew of me from my work on the Grand Theft Auto games. I was shocked by the huge cultural export and power of video games to communicate. These kids explained how they felt like they knew America based on their game experience. Their favorite activities included shopping, eating, working out, listening to music, going to clubs. They felt as though they had walked on American soil based on the experience in the game. It made me think, what if I created a game that exposed audiences to REAL EVENTS, and offered players the chance to put themselves into a world that is represented with historical integrity? What if I could give people both a very engaging and meaningful experience?

Making a game like this offers the opportunity to portray history not as black and white, but with shades of gray.  Having lived through the revolution the event seemed like the ideal first step in defining this new genre: Vérité Games.

Because 1978/79 in Iran was an active and wild time where ideas were clashing and the stakes were very high for everyone, it seemed like an amazing environment and thrilling climate to recreate for audiences.

Кхонсари: Искрата дојде од моето патување во Иран. Кога пристигнав во едно мало село на југот, ми се приближија млади Иранци кои знаеја за мене од мојата работа на игрите „ГТА“. Бев шокиран од огромниот културен извоз и моќта на видео игрите да искомуницираат толку многу и да ја развијат комуникацијата. Овие деца ми објаснија како се чувствувале како да ја знаат Америка врз основа на нивните искуства во играта. Нивните омилени активности вклучуваа шопинг, јадење, вежбање, слушање музика, одење во клубови. Тие се чувствуваа како да оделе на американска почва врз основа на искуствата во играта. Тоа ме натера да размислувам, што ако создадам игра која ќе ја изложи публиката на ВИСТИНСКИ НАСТАНИ и им понуди на играчите шанса да се стават во свет кој е претставен со историски интегритет? Што ако можам да им дадам на луѓето многу интересно, захтевно и значајно искуство?

Правењето игра како оваа нуди можност да се прикаже историјата не како црно-бело, туку и со нијанси на сива боја. Живеејќи низ револуцијата, настанот изгледаше како идеален прв чекор во дефинирањето на овој нов жанр на видео игри наречен „Веродостојни игри“ (или игри базирани на вистински настани.-прим.прев) (Vérité Games.)

Бидејќи 1978/79 во Иран беше активно и диво време каде што идеите се судруваа и влогот беше многу висок за секого, изгледаше како неверојатна средина и возбудлива клима за да се рекреира за публиката.

Global Voices:: Можете ли да разговарате за улогата на жените во играта?

Khonsari: In researching and developing 1979 Revolution: Black Friday, it was important for us to not overlook the crucial role of woman who participated and made great sacrifices during the revolution — and also received the most collateral damage.  We interviewed a number of women who participated or were living in Tehran during the revolution. They came from varying religious ideologies and economic classes. We wanted to inform an authentic representation of all the characters in 1979 Revolution.

One of the main characters we've written into the game is Bibi Golestan.  As young engineer she witnessed great poverty and inequality in villages outside of Tehran. This motivated her to become an active leader within the Tudeh Party [Iran's communist party].  We also represent women in various other roles.  This includes Shirin Shirazi, the mother of main player protagonist Reza Shirazi. She bitterly watches the demise of her “way of life” during the revolution.  1979's characters reflect the complicated issues facing woman of varied classes and ideologies.

Кхонсари: За истражувањето и развивањето на играта „Револуцијата од 1979; Црн петок“, важно е да не ја занамариме клучната улога на жената воошто која учествувала и правела големи жртви за време на револуцијата – а исто така била жртва како најголема колатерална штета. Ние интервјуиравме голем број жени кои учествуваа или живееја во Техеран за време на револуцијата. Тие беа со различни верски идеологии и економски класи. Сакавме да ја информираме автентичната застапеност на сите ликови во „Револуцијата од 1979“.

Еден од главните ликови што ги напишавме во играта е Биби Голестан. Како млад инженер таа беше сведок на голема сиромаштија и нееднаквост во селата надвор од Техеран. Ова ја мотивирало да стане активен лидер во партијата Туде (Иранската комунистичка партија). Ние исто така ги претставуваме и жените во разни други улоги. Ова ја вклучува и Ширин Ширази, мајката на главниот протагонист во играта, Реза Ширази. Таа горчливо гледа како нејзиниот „начин на живот“ којшто го знае дотогаш, полека изумира за време на револуцијата. Ликовите од 1979 година ги рефлектираат комплицираните проблеми со кои се соочува жената од различни класи и идеологии.

Играта штотуку стана достапна на платформата „Стим“ на која што се продаваат видео игри, а корисниците на друштвените медиуми веќе се заинтересирани за најновата верзија на играта. @StoryConscious, сметка регистрирана во Сингапур којашто се користи за играње игри, прикачи видео во кое се гледа како во играта се обидуваат да го откријат шпионот од подредените ликови во сегмент од играта „Револуцијата од 1979“.

Гледајте го нашиот серијал на играње игри и како паничиме и се збунуваме! #letsplay [ајде да играме] #1979revolution [Револуцијата од 1979] #YouTubeGamers [Гејмери на Јутјуб] #games [игри]

Тие исто така на „Јутјуб“ споделија подолги снимки од самата игра:

Како и многу други, Арман Горбани со нетрпение очекуваше да дознае повеќе за времето низ кое преживеале неговите родители

Моите родителии ја преживеаа  Револуцијата во Иран од 1979 год. и ја имам длабоко проучено самата револуција и едвај чекам да ја искусам играта. #1979Revolution [Револуцијата од 1979] #Iran [Иран]

 

За Кевин Мистон,пак, доста забавна е репликата што ја изговара еден од ликовите на играта: „Тие ме викаат Хаџ Агха“.

Оу, оу оу! Асадолах Лаџеварди… Хаџ Агха! #1979Revolution [Револуцијата од 1979]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.