Русија: Виновен по претпоставка

Корисникот на ЛЈ тибеткa го напиша овој пост (RUS) за ксенофобијата (непријател за странците) и омразата во ЛЈ заедницата moya_moskva (”Mоја Москва”):

Во последно време, нешто незамисливо се случува во [ЛЈ] заедницата моја_москва. Луѓето пишуваат и пишуваат и пишуваат за својата омраза кон [оние кои не се родени Московјани].[…]

Она што застрашува е “внатрешната” омраза, изразена во кујнски разговори, “хумористичните” TВ шоуа – затоа што никој не го смета тоа за опасно […]. […]

Постот – кој е малку подолг од изјавата погоре – привлече скоро 350 коментари за помалку од три дена (ЛЈ заедницата моја_москва е читана од 3,642 ЛЈ корисници, и уште 3,214 се овластени да постираат).

Еден блогер (дисторт303) чувствува дека корисникот на ЛЈ, тибетка, била премногу идеалистична и препорача таа да чита постови во друга ЛЈ заедница на Москва, понаехали_мск, која е одржувана од луѓе кои не ги сакаат мигрантите – со цел да научи “како многу криминални дела се извршени од страна на вонземјани од неразвиените земји.” (Еден обид да се сфати што застапуваат Рускиот “понаехалиi” – или “понаехали тут” – е направен во овој натпис на Expat.ru, “виртуална заедница за странци од англиско говорно подрачје и Руси.”)

Подолу следат неколку извадоци од “манифестот” (RUS) на ЛЈ заедницата понаехали_мск (317 читатели, 280 учесници):

[…] Tие ги заведуваат нашите девојки и забременуваат од нашите млади мажи, со цел да останат во нашиот град.Tие ни ги одземаат нашите работни места, бидејќи се согласуваат да работат тешки работи за [многу малку], само за да бидат дел од животот во главниот град.

Tие го намалуваат нивото на просечната плата, затоа што чинат многу помалку од нас.Tие го заглавуваат нашиот сообраќај, затоа што не се способни да возат во гужва.

Tие ја парализираат работата на јавниот транспорт, бидејќи се дезориентирани во подземната железница и не се навикнати да се движат брзо внатре во автобусите.

Tие го уништуваат нашиот јазик, бидејќи им е многу полесно да го валкаат чистиот јазик со селски дијалект отколку да зборуваат правилно. […]

Ксенофобијата не е лимитирана само на виртуелна Москва, се разбира. ЛЈ корисникот варфоломеев66, руски новинар, ја опишува (RUS) неговата вистинска средба со некој што не им верува на московските не-словени такси возачи:

Виновен по претпоставка

Една вечер, јас […] стопирав такси за [девојка познајничка]. Таа ми постави задача:

- Само те молам биди сигурен дека возачот не е “црн” [не-Словен, од Кавказ или некој од Централна Азија].
– ?
– Не сакам да се возам со нив, особено не ноќе.
– Си имала ли некогаш некаков проблем?
– Tие секогаш ми додеваат со прашања од типот “Дали живееш сама?” итн. Доста ми е од тоа.
– Но тоа е нивниот менталитет, ориентален.
– Јас разбирам се, но сепак нема да се возам [со никој од нив]!

Иронично, само [автомобили возени од] “гостите” запираа. Требаше да им понудам навистина многу ниска цена, со цел да им ја одбијам услугата љубезно. Ни требаа десет минути да најдеме “бел” [наизглед Словен] возач и да ја испратам пријателката дома успешно.

Таа, патем кажано, е многу модерна жена, која работи во прилично напредна организација.

Постот на Вартоломеев66, корисник на ЛЈ, доби 107 коментари; подолу се три од нив:

буквоједитса:

Според моите набљудувања, младите луѓе со Кавкаски изглед се многу пољубезни од поголем дел од локалците. Tие се оние што ти нудат да седнеш во автобус или подземна железница.
И кога јас еднаш повикав такси за мојата 90-годишна мајка, возачот од Грузија излезе од автомобилот, ја отвори вратата и и помогна да излезе, а јас само стоев таму, воодушевувајќи се на глетката.

***

oрјуха:

[…] Mногу пати сум се возел со различни луѓе од Кавказ. Сме зборувале за многу работи – зa театар (со директор од Баку), и за музика, и за разликите и сличностите помеѓу турскиот и азербејџанскиот јазик. За грозјето што возачот го одгледувал дома, и за виното што се прави од тоа грозје. За неговата жена, деца. За војната. Понекогаш тие се понудуваат да дојдат со мене до вратата – бидејќи било темно и имало многу пијаници. Понекогаш сме молчеле и двајцата, секој со своите мисли. Но јас никогаш не сум влегла во автомобил со некој што изгледа дека не е трезен/превозбуден/вознемирен – без оглед на неговата етничка припадност. […] Еднаш, бев во автомобил со глув возач – му ја напишав адресата на хартија. Испадна добро. Без непотребни муабети.

***

Вава_умка:

Бидејќи не се грижам многу, јас сум висински експерт во ова 🙂
Се обидувам да ги класифицирам возачите веќе подолго време, базирајќи се на главните карактеристики: колку наплатуваат, како се однесуваат, итн. – но не сум успеала да ги класифицирам по етничка припадност.

Сепак, имам некои свои набљудувања.

Ако сум со своето дете, претпочитам било кој Кавкаски возач. Tие ги третираат децата – сите деца – како нешто свето. Tие редовно одбиваат да наплатат, иако јас инсистирам, тие се смеат на шегите на мојот син, а тоа е токму тоа што му треба на моето дете… Ако сум сама, тие скоро секогаш почнуваат да флертуваат, но пристојно, и јас научив да ги одвратам […] со правење шеги на нивна сметка, и понекогаш објаснувам многу љубезно дека сум во [ужасно] расположение и дека не е добро да се разговара во такво расположение – и тие ме оставаат на мира. А за “белите” возачи, младите се многу заморни. Нив е потешко да ти одвратам. Тие не сфаќаат и поставуваат повеќе прашања, попат речено.

Oх, и музиката [која се слуша во автомобилите на] нашите [локални] момци е скоро секогаш полоша.
Завчера, едно црно […] момче ме возеше до дома, и тој го слушаше Армстронг, не ми наплати многу, а ја познаваше Москва добро, и беше добар возач […]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.