- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

5 ресурси за граѓани-новинари

Категории: Граѓански медиуми, Рајзинг војсис

Доколку немате чуено за некои од подолу наведените ресурси, следува листа со (скоро) нови ресурси кои може да ве направат веродостојни и безбедни…

Screen shot 2014-04-14 at 14.30.34

1. SaferJourno: Дигитални ресурси за медиумски тренери [1]

Неодамна објавен од Internews [2], овој бесплатен PDF (Creative Commons) е ориентиран кон тренерите и исто така е одлична референца за оние кои сакаат да да научат како да бидат безбедни новинари. Водичот се фокусира на: проценување на ризици, малвер и основна заштита, заштита на податоци, безбедно пребарување, заштите на е-пошта и безбедност при користење на мобилен.

2. Известување од хуманитарни кризи [3]

Овој бесплатен ресурс од ReliefWeb [4] и Internews претставува водич за хуманитарните работници, известувачите и тренерите за зголемување на балансот при известувањето. Вклучува вежби и секции во кои се објаснуваат ситуациите кои обично се случуваат во хуманитарните кризи и како да се постапува безбедно.

vh

3. Водич за верифицирање [5] 

Уште една нова бесплатна публикација, напишана од одлични новинари и истакнати медиумски работници, која објаснува како да се работи со содржина создадена од граѓани во ситуации на криза. Објаснува зошто верифицирањето на информациите е многу важно – и како да се прави – вклучувајќи содржини кои содржат текст, слики и видео.

4. Checkdesk од Meedan [6]

Проект кој е во тек, но треба внимателно да се следи: Meedan помага да се подобри верифицирањето на граѓанските вести од Блискиот Исток и моментално работи на алатка за блогирање во живо водена од граѓаните [7], за египетскиот независен весник Al-Masry Al-Youm [8] – а наскоро ќе биде проширена и во други земји.

Screen shot 2014-04-14 at 14.31.265. Застапување за права на жените: Инфо-активизам сет [9]

Сет на алатки од Tactical Tech [10], објавен во 2013 година, кои вклучуваат основи (публика, порака, вмрежување….), стратегии (раскажување на приказни, поттикнување на акција, привлекување на внимание, печатени материја, социјални медиуми итн.), алатки и примери. Сето тоа со фокус на права на жените.

(Поврзана содржина: Неодамнешен напис на Witness фокусиран на известување за сексуално насилство [11] и водич за справување [12])