- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Телевизиско шоу што ја заврши кариерата на еден премиер

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Политика, Протест, Слобода на говор

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај Протести во Египет 2011 [1].

Ахмед Шафик [2], египетскиот премиер назначен од поранешниот претседател Хосни Мубарак, беше принуден да поднесе оставка [3] после неговото денешно присуство во телевизиско шоу доцна навечер во средата (2-ри март). Оваа епизода на шоуто беше опишана како историска од страна на Зеинобиа [4].

Не би рекол незаборавна ноќ во историјата на египетската телевизија, бидејќи ова никогаш се нема видено во арапскиот свет, од почетокот на емитувањето на телевизија во Ирак.

Вчера вечер “ON TV [5]”  направи телевизиска историја кога беше домаќин на првата вистинска политичка дебата меѓу премиерот и претставници на опозицијата во Египет. Епизодата започна во 22 часот, а заврши во 2 часот по полноќ по локално време во Каиро.
Down With Shafik's Government [6]
Етикета што вели: Долу заедно со влатада на Ахмед Шафик.

Сликата е објавена од @mernathomas

За време на вториот дел од шоуто, Шафик беше придружен од двајца египетски писатели и новинари, Алаа-Ал-Асвани [7] и Хамди Кандел [8], сопственикот на телевизијата Нагиб Савирис [9], како и од домаќините на шоуто, Јосри Фоуда [10] и Реем Магед. Асвани и Кандел имаа жестока дискусија со Шафик и многу го критикуваа.

@Sarah_Akl [11]: Дискусијата стана непријатна.

Дури и за време на рекламите, некои луѓе очекуваа тие да се убијат меѓу себе.

@luelabie [12]: Тие ќе се убијат меѓу себе позади сцената.

Според гледачите, најважниот дел од епизодата е тоа што таа откри многу за Шафик.

@Phi251 [13]: الخلاصه .. انه رئيس وزراء لا يملك اى معلومات عن اهم الموضوعات التى يسأل عنها الشارع .. اذن لا يستحق ان يبقى بمنصبه
@Phi251 [13]: Во основа, тој е премиер кој не ги знае одговорите на основните прашања поставени од луѓето на улиците. Затоа, не заслужува да остане на својата позиција.
@ahmedBedeir [14]: رئيس الوزراء حتي الان وبعد 30 يوم لا يعلم من هو مدبر احداث الاربعاء الدامي!؟ اذن من يعلم!؟ عليه ان يستقيل الان
@ahmedBedeir [14]: Премиерот, 30 дена по крвавите напади во среда [15], се уште не знае кој се крие зад тие напади. Тогаш кој треба да знае? Тој треба да даде оставка веднаш.
@rania_hafez [16]: Во основа Шафик има многу ограничена моќ во владата.

Асвани, од многу корисници на Твитер, беше критикуван поради неговата непристојност. Сепак, ова не ги спречи уште повеќе да го критикуваат Шафик.

@NoorNoor1 [17]: Многу порадо би слушал некој што е непристоен, отколку некој што лаже и измамува. Оставете го Асвани.
@rania_hafez [18]: Алаа-Ал-Асвани многу изгуби…. Шафик немаше што да изгуби.

Веднаш по завршувањето на шоуто, за некои луѓе на Твитер беше очигледно дека Шафик е на работ да ја изгуби својата позиција.

@Yasser__Abbas [19]: Мислам дека ова шоу ќе влезе во историјата како “шоуто на Алаа Асвани во кое го напаѓа поранешниот премиер, две ноќи пред неговата оставка!

Вредно е да се спомене дека имаше постојани протести со кои се бараше оставката на Шафик, од 11 фебруари, денот кога кога Мубарак се повлече, а сепак се чинеше дека ова е последната шајка од неговиот политички ковчег.

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај Протести во Египет 2011 [1].