Овој пост е дел од нашиот специјален извештај Протести во Египет 2011.
Ахмед Шафик, египетскиот премиер назначен од поранешниот претседател Хосни Мубарак, беше принуден да поднесе оставка после неговото денешно присуство во телевизиско шоу доцна навечер во средата (2-ри март). Оваа епизода на шоуто беше опишана како историска од страна на Зеинобиа.
…
Вчера вечер “ON TV” направи телевизиска историја кога беше домаќин на првата вистинска политичка дебата меѓу премиерот и претставници на опозицијата во Египет. Епизодата започна во 22 часот, а заврши во 2 часот по полноќ по локално време во Каиро.
За време на вториот дел од шоуто, Шафик беше придружен од двајца египетски писатели и новинари, Алаа-Ал-Асвани и Хамди Кандел, сопственикот на телевизијата Нагиб Савирис, како и од домаќините на шоуто, Јосри Фоуда и Реем Магед. Асвани и Кандел имаа жестока дискусија со Шафик и многу го критикуваа.
Дури и за време на рекламите, некои луѓе очекуваа тие да се убијат меѓу себе.
Според гледачите, најважниот дел од епизодата е тоа што таа откри многу за Шафик.
Асвани, од многу корисници на Твитер, беше критикуван поради неговата непристојност. Сепак, ова не ги спречи уште повеќе да го критикуваат Шафик.
Веднаш по завршувањето на шоуто, за некои луѓе на Твитер беше очигледно дека Шафик е на работ да ја изгуби својата позиција.
Вредно е да се спомене дека имаше постојани протести со кои се бараше оставката на Шафик, од 11 фебруари, денот кога кога Мубарак се повлече, а сепак се чинеше дека ова е последната шајка од неговиот политички ковчег.
Овој пост е дел од нашиот специјален извештај Протести во Египет 2011.