Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет:Фудбал пред и после револуцијата

Во последните неколку години фудбалот беше еден од најголемите радости кај Египќаните. Египетскиот тим победи на последните три Африкански Купови на народите  коишто се одржаа во Египет, Гана и Ангола. Во текот на првенствата, беше сосема нормално да ги видиш луѓето маѓепсани од магијата на фудбалот како седат пред нивните телевизори, со подготвени знамиња и сирени за славење за да излезат на улица и да прослават  после секоја победа.

Како и да е, вчера Египет играше против Јужна Африка, но изгуби во последната минута од мечот. За првпат во историјата, сега постои голема веројатност Египет да не се квалификува на следното фудбалско првенство. Но, и покрај тоа, никој во Египет не е воопшто тажен. Некои беа дури и среќни. Дали неодамнешната револуција има некаква врска со ваквата индиферентност?

Mazen и Yasser веруваат дека Египќаните го користеле фудбалот за да побегнат од нивните секојдневни проблеми.

@MazenAdel: اول مرة مزعلش ان منتخب مصر اتغلب,زمان كنا بنفرح عشان مفيش غير الكورة يفرحنا,دلوقتى عايشين البديل الاكبر الى بيفرحنا كل يوم ببلدنا
@MazenAdel: За првпат, јас не сум вознемирен што го изгубивме мечот. До неодамна, фудбалот беше единственото нешто што ме развеселуваше, но сега имаме поголем избор за тоа ќе ни го развеселува секојдневието.
@yasser.taha: عندما نفقد الوطن نبحث عنة في مبارة كرة قدم ….وعندما نمتلك الوطن لاتفرق معنا مبارة كرة القدم
@yasser.taha: Кога ја губите вашата држава, единственото нешто што ве развеселува е фудбалот, но сега кога ја имате назад – воопшто не се грижите за фудбалот.
Egypt: Taxi Driver Celebrating with Egyptian Flag

Такси возач прославува со египетското знаме, авторски права Demotix

Исто така, во текот на протестите во Египет многу од фудбалерите на националниот тим излегоа на демонстрации за поддршка на Хосни Мубарак. Пред година и половина, Мубарак, неговиот медиум и фудбалерите за малку ќе започнеа војна помеѓу Египет и Алжир поради ширење лаги и омраза кон алжирците, и тоа само поради еден фудбалски меч.  Скоро сите Египќани беа вознемирени, се чувствуваа како жртви на лагите на Мубарак и можеби затоа фудбалскиот тим се смета за еден од симболите за корумпција во ерата на Мубарак.

@ktarek78: اللي اتغلب ده منتخب مؤيدي مبارك
@ktarek78: Тимот којшто изгуби е подржувачкиот тим на Мубарак.
@alibrisha:منتخب مصر مازال يعيش في عصر مبارك يتصرف مثله .. بطء في التفكير.. ضعف في التنفيذ.. فساد في إختيار التشكيل طبقا للواسطة والمحسوبية
@alibrisha: Египетскиот фудбалски тим сеуште живее во ерата на Мубарак и се однесува исто како него… размислува полека… не презема остри и итри акции… корупцијата владее кога се избираат членовите на тимот.
@Hannah__HK: منتخب مبارك يتنحى أمام منتخب مانديلا
@Hannah__HK: Тимот на Мубарак застана пред тимот на Мандела.

Не само што луѓето во Египет не беа тажни, туку тие беа среќни бидејќи веруваат дека сега ќе можат повеќе да се фокусираат на политичките реформи во нивната држава.

@Sherifmgdy: شكرا جنوب أفريقيا علي دعم مجهودات التحول السياسي في مصر
@Sherifmgdy:  Благодарност до  Јужна Африка којашто ги подржува политичките реформи во Египет.
@Nourinho82: كده بقى يا وحوش مفيش منتخب حتى 2014 شوفوا بقى هتضحكوا علينا اذاى؟و اللهى الحكومة دى صعبانه عليا
@Nourinho82: Добро, значи распоредот на нашиот национален тим е празен се до 2014 година. Ја сожалувам Владата, сепак сега немаат со што да не забавуваат.

И за краj, Мухамед Хабиб не можеше да се воздржи и малку се пошегува:

@m7abib:الثورة المضادة: المنتخب مايروحش أصلا بطولة أفريقيا، الجماهير تطالب بعودة مبارك راعي الرياضة الأول في مصر
@m7abib: Против-Револуција: Националниот тим не успеа да се квалификува на следното првенство, сега луѓето го бараат назад Мубарак да се врати и да го спаси спортот во Египет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.