- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тајланд: ЈуТјуб самиот го цензурираше протестниот клип „лесе маџесте“

Категории: Источна Азија, Тајланд, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Технологија

Само-цензурањето на ЈуТјуб [1] функционира одлично – тивко. Вчера, потписник на ФАКТ објави едно од тивко блокираните клипови, кое може да се погледне од било каде во светот, освен во Тајланд.

Откако минатата година се постигна договор со тајландското Министерство за Информатички и комуникациски технологии [2], менаџментот на ЈуТјуб се согласи да го блокира [3] било кое видео кое изгледа навредливо за тајланскиот народ или го прекршува тајландскиот закон. Со други зборови, ЈуТјуб самиот ќе го изврши цензурирањето, со тоа што сајтот нема да биде блокиран повторно [4] од министерството.

Кога корисниците од Тајланд ќе пробаат да го отворат објавениот линк, http://youtube.com/watch?v=70m1ncXQjXA [5], тие ќе ја добијат следнава порака:

Ова видео е недостапно во вашата земја.

Станува збор за протестниот клип „лесе маџесте“, кој содржи неколку карикатури на Кралот и тајландското знаме, кралската химна е пуштена во позадина, а помеѓу овие фотографии се прикажува следнава порака со црни букви на жолта позадина:

Кралот Бумибол Адуладеј е диктатор.
Секој кој што зборува против него го праќа во затвор – до 15 години.
Е**** кралот на Тајланд – да живее слободниот говор!

Членот 112 од законот на Тајланд наведува дека казната за „лесе маџесте“ би била како за прекршок со 3-15 години затвор.

Извор: Слобода Против Цензура Тајланд [6]