Иранските блогери пишуваат писма до Исус Христос

Можеби изгледа нереално, но неколку муслимански блогери имаат напишано писма до Исус Христос на нивните блогови, во кои се жалат за навредите од Западот кон муслиманите, особено за анти-исламскиот филм на холандскиот пратеник Герт Вилдерс, Фитна. Во меѓувреме, младиот исламист Басиј протестираше пред амбасадата на Холандија во Техран, осудувајќи го филмот на Вилдерс.

Кософ, водечки фотоблогер во Иран, објави неколку фотографии од демонстрациите. Еден од слоганите на фотографијата погоре значи „Ако не носењето фереџе значи цивилизација, тогаш животните се најцивилизирани.“
Голдоктар, женски студент по религија, го започнува своето писмо до Исус со „Здраво г. Исус Христос“. Таа продолжува [Fa]:

„Дали знаете што мислам јас? Кога и каде започна Фитна? Пред неколку години овој анти-исламски филм започна со продукција. Пред исламската револуција, никој не обрнуваше внимание на Исламот и неговите светци… По исламската револуција се случија и други револуции… Тогаш тие не знаеја што да прават и поради тоа започнаа да прават детински работи за да му наштетат на имиџот на Исламот во светот.“

Блогерот додава дека неколку филмови, како „Не без мојата ќерка“ и „300“, треба да се оспорат со филмови од муслимани.

Мехди пишува [Fa]:

„Исус, јас сум муслиман кој те сака. Немој да бидеш тажен поради навредите на твојот брат Мухамед, пророкот. Сите знаеме дека тие луѓе не се твои следбеници. Тие не се они кои го носат крстот, туку создаваат војни и убиваат луѓе.“

Блогерот се прашува дали зголемениот број на напади на муслиманите од страна на кинематографијата се координирани.

Пангаре му пишува на Исус [Fa]: „Помогни ни да се спротивставиме на овие навреди… Знам дека не поддржуваш и дека можеш да го читаш моето срце.“

Како надополнување на овие исламисти, неколку други блогери ги споделија своите чувства и идеи за филмот.
Аршам Парси, водечки активист за хомосексуалните права во Иран вели [Fa]: „Постојат рационални начини на изразување за некое мислење или предизвикување идеја. Го гледав овој филм и го искажувам својот протест кон него.“

Паро Задан напиша:

„Го гледам и мислам дека е бесмислен. Колку од муслиманите се екстремисти? Мислам дека муслиманите прво треба да направат филм со кој ќе се оспори влијанието на Фитна, а потоа да се обидат да дознаат зошто луѓето не гледаат така. Цензурирањето и заканите само го зајакнува филмот. Наместо џихад за убивање луѓе, нашите религиозни лидери треба да направат џихад за да се дознае добрата страна на исламот.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.