- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: Зголемени цените на такси превозот и СМС измами по нападите во московското метро

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Најважни вести, Рунет Ехо

Последиците од неодамнешните бомбашки напади во метрото во Москва земаат замав. Луѓето ги оплакуваат жртвите, бараат одговори на многу прашања, размислуваат за иднината на Русија и се лутат на … таксистите и измамите по СМС кои изгледа дека сакаат да профитираат од трагедијата.

На блоговите, повеќето  постови кои се појавија веднаш по нападите го споменуваа значителното зголемување на тарифите за такси-превозот за луѓето кои се обидуваа да пристигнат до своите домови или на работа, непосредно по трагедијата. Според  некои блогери, цената за да се стигне до центарот на Москва од местата на нападите (10 минути возење) се движеше околу 3.000 рубли (над  100 американски долари) која е осум пати поголема од просечна цена за превозот пред трагедијата.

Популарниот (веќе поранешен) телевизиски водител и моментално радиоводител, Владимир Соловјев, пишува на својот блог [1] [руски] во однос на ова прашање:

Сакам да ви кажам, особено за оние кои се обидуваат да соберат пари за наводна помош на жртвите. Треба да им се суди како соучесници на терористите. Таксистите во Америка по нападите од 11 септември, работеа бесплатно, а нашите ги зголемија цените на превозот. Даночните служби треба да спроведат инспекција и да ги казнат. Гадови. Нивните регистарски ознаки и имиња треба да биде објавени на интернет, на радио и на телевизија. Треба да бидат поставени на ѕидот на срамот.

И други блогери (тука [2], тука [3] и тука [4]), исто така, изразија шокираност за случката со таксистите и некој го наведе истиот пример со такси возачите во Њујорк за време на трагедијата од 11 септември.

Ситуацијата беше толку тензична што рускиот премиер Владимир Путин јавно ги повика таксистите [5][руски] да не ја користат ситуацијата во своја полза, туку “да покажат солидарност со луѓето кои настрадале во трагедијата“. За да се реши проблемот со транспортот, градоначалникот на Москва додели 131 бесплатен минибус во областа каде се случи трагедијата.

Друг случај на виртуелни измами се случи со мобилните телефони.

Корисникот на LiveJournal molnija ги предупреди [6][руски] жителите на Москва за СМС пораките преку кои се бараат донации за да им се помогне на жртвите на нападите:

Ве молам да не им верувате на паничните СМС пораки кои ви пристигнуваат од непознати броеви!
Попладнето добив една порака.

“Почитувани Руси, бараме помош за жртвите oд терористичките напади во московското метро. Сите пари ќе бидат префрлени на Истражувачкиот Институт Склифософски [Московски Институт за итни случаи, кратко наречен “Sklif” – V.I.]. Цената на една порака е 45 рубли [1,5 долар] без пресметан ДДВ.”

Се јавив во телефонската компанија и тие ми кажаа дека ниту Sklif, ниту некоја друга легитимна добротворна организација се запознаени со случајот. Интересна работа е дека вистинската цена на пораката на овој мистериозен број не е 45 рубли,туку 100 рубли [3,3 долари].

Друг блоге, Apraxis, пишува на својот блог [7] [руски] дека ова им се случувало и на жителите на Санкт Петербург.

Подоцна, трите најголеми мобилни оператори во Русија ја објавија својата одлука [8] [руски], да ги обештетат луѓето кои биле измамени со СМС пораките.