Сингапур: Кампања против смртната казна

Јонг Вуи Конг, дваесет и едно годишно момче од Малезија, во 2008 година беше осудено на смрт од Врховниот Суд во Сингапур поради трговија со хероин – смртната казна е задолжителна за оние кај кои ќе бидат пронајдени повеќе од 15 грама психотропни супстанции. Момчето тврди дека било само курир и дека бил прелажан за да ја пренесе дрогата. Поднел жалба, но една недела пред сослушувањето во април, им кажал на своите адвокати истата да ја повлечат.

Во декември минатата година, застапуван од адвокатот Рави, му беше дадена шанса да поднесе нова жалба. Апелациониот суд соопшти дека нивната должност е да ги слушнат новите правни аргументи дури и откако случајот ќе биде затворен, особено ако е досудена смртна казна.

Повеќето локални блогери се против смртната казна, укажувајќи дека во многу земји таа е укината и дека тинејџерите не треба да бидат осудувани на смрт.

Сингапурскиот блогер Ендрју Ло, за ова пишува во постот на блогот Граѓани онлајн :

Многу земји го имаат променето мислењето во однос на смртната казна. И сите земји имаат гордост. Сепак, овие земји можеби повисоко го ценат човечкиот живот од националната гордост – особено кога постојат убедливи аргументи да се стори тоа.

И бидејќи смртната казна во Сингапур е задолжителна, значи постојат доволно причини да се преиспитаат законите.

Блогерот-активист  Рејчел Зенг пишува:

Сепак, се надевам дека човечноста и здраворазумската логика на судиите ќе им помогне да увидат дека ова младо момче заслужува уште една шанса да надомести за неговата грешка – за која станал свесен откако бил уапсен, кога му било кажано дека хероинот не е толку “безопасен“ како тутунот.

Блогерот Сју Јианју пишува :

Со осудата на Конг нема да се реши проблемот со дилерите кои ги регрутираат младите на негова возраст за ’растурање’ дрога, бидејќи во секоја земја може да се најдат луѓе како Конг, сиромашни, наивни и очајни, лесен плен за организираните нарко-дилери.

Тој исто така тврди дека тинејџери не треба да ја платат цената за нивното “незнаење”:

Разликата меѓу оние кои извршуваат кривични дела свесни за последиците наспроти оние кои за тоа не се свесни е огромна. Не треба да брзаме со казнување со иста казна и во двата случаи.

Блогерот Теренс Ли пишува :

И што ако тој е виновен? Нема смисла да се казни курирот, додека босот може лесно да пронајде друг очаен дилер како курир.

И зошто толку строга пресуда? Дали трговијата со дрога се изедначува со многу потешкото кривично дело како убиство? И заслужува ли затоа смртна казна? Каде е правдата во тоа?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.