Франција: Интернет законот за пиратерија „3 опомени“ одбиен од парламентот

Четвртокот на 09.04.2009 францускиот парламент го одби предлог-законот Хадопи (la Haute Autorité pour la diffusion des œuvres et la protection des droits sur internet) со неуспехот (21-15) на владејачката партија да го изгласа законот.

Законот предложува две опомени и тогаш, по третиот прекршок, исклучување од интернет до една година за интернет корисниците кои се фатени дека илегално превземале фајлови (музика или филмови).

Предлог-законот беше доставен од двете партии и се што остануваше беше тие да го ратификуваат финалниот текст, но „15 социјалисти дискутираа за тоа во ходникот и во последен момент решија да го одбијат законот.“

Музичката и филмската индустрија ги притискаа владата и интернет сервис провајдерите да ги исклучат или суспендираат сервисите за peer-to-peer споделување, бидејќи им наштетува на приходите на артистите и продуцентските компании, но неуспехот се случи после слични отфрлања во Велика Британија, Нов Зеланд, Германија, па дури и Европскиот парламент.

Во нивниот дел, Саркози изјави дека тој бил одлучен да се донесе законот и ја обвини опозицијата за манипулација на парламентот.

Министерот за култура планира повторно да го стави на дневен ред предлог-законот на 27 април.

Интернационалната федерација за фонографска индустрија и светската копија на RIAA, изјави дека ќе продолжи да лобира за донесување на францускиот закон „3 опомени“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.