- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Полска: Претседателот Качински загина во авионска несреќа-првични реакции

Категории: Источна и Централна Европа, Полска, Русија, Владеење, Историја, Катастрофи, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика

Вестите за авионската несреќа што се случи утрово во Западна Русија, во која загинаа претседателот Лех Качински [1], неговата сопруга и десетици други високи полски функционери, стигнува до целата блогосфера, како и на мејнстрим медиумите [2]. Претседателот патувал во Катин, [3]за да учествува на комеморацијата за масакрот во Катин од 1940 година.

И на Твитер и на полски сличен сервис Blip.pl се појавија првичните реакции за оваа катастрофа. Луѓето се шокирани.

Ewa_b пишува: [4]

Не можам да поверувам…

Nice додава [5] [полски]:

Ова мора да е лош сон 🙁

Некои други, како Namenick,се шокирани [6] и ги пренесуваат вестите на англиски јазик:

ШОКИРАН СУМ-Полски авион се урна кај Смоленск. Нема преживеани.

Vagla истакнува [7] (полски):

Половина од полската влада беше во тој авион.

Нustka се придружува кон коментарите: [8]

Ова беа луѓето кои ја водеа државата. Хаос!

Perdo истакнува [9][полски]:

Спикерот на Парламентот го завзема местото на претседателот. Ќе објават предвремени избори.

Полските медиуми како Onet.pl се блокирани поради преоптовареност, а истото се случува и со мобилната телефонија.

Dziennikarz известува [10][полски]:

Сите полски портали имаат проблеми со преоптовареност на мрежите.

Malis информира [11] за мобилните мрежи [полски]:

Мрежата #plusgsm [12] е преоптоварена. Луѓето треба меѓу себе да си се јавуваат за да ги дознаат новостите.

Мејнстрим медиумите редовно известуваат, па се појавија реакции и на нивните извештаи.

KissMeJoeJ објави [13]:

Сликите од оваа трагедија се ужасни. 132 луѓе се мртви 🙁 [*]

Polskatimes.pl ја објави [14] првичната листа на патници во авионот, поставувајќи ја и на Твитер. [15]

Некои како Irenkaa, започнаа со шпекулации [16][полски]:

Се прашувам дали оваа трагедија е навистина несреќа..

Voter101 коментира [17] за фактот дека претседателот не беше омилен меѓу народот [полски]:

Никој не го сакаше-сега кога е мртов го почитуваат… Иронично.

Naphilim објаснува [18] [полски]:

Можеби не го сакав, но вака не ја замислував промената на претседателот на државата.

Луѓето се собираат во групи да го искажат своето сочуство, како што dominikpanek пишува [19] [полски]:

Пред претседателската палата се собираат граѓаните на Варшава. Носат цвеќиња и пораки.

Корисниците на Твитер го користат хаштагот #RIPLechKaczynski [20] да го искажат своето сочуство онлајн, повикувајќи ги останатите да им се придружат, како што тоа го прави [21] TeamJoeЈ:


Ве молам продолжете да помагате со #RIPLechKaczynski 🙁

Твитот [22]на Linkaaa‘s го изразува општото мислење на корисниците на полските социјални мрежи:

Плачам. Иако не сум се интересирала за политика, сега во прашање е Полска. Мојата земја. Нашиот претседател. Полскиот претседател.