Вестите за авионската несреќа што се случи утрово во Западна Русија, во која загинаа претседателот Лех Качински, неговата сопруга и десетици други високи полски функционери, стигнува до целата блогосфера, како и на мејнстрим медиумите. Претседателот патувал во Катин, за да учествува на комеморацијата за масакрот во Катин од 1940 година.
И на Твитер и на полски сличен сервис Blip.pl се појавија првичните реакции за оваа катастрофа. Луѓето се шокирани.
Ewa_b пишува:

Не можам да поверувам…
Nice додава [полски]:

Ова мора да е лош сон 🙁
Некои други, како Namenick,се шокирани и ги пренесуваат вестите на англиски јазик:

ШОКИРАН СУМ-Полски авион се урна кај Смоленск. Нема преживеани.
Vagla истакнува (полски):

Половина од полската влада беше во тој авион.
Нustka се придружува кон коментарите:

Ова беа луѓето кои ја водеа државата. Хаос!
Perdo истакнува [полски]:

Спикерот на Парламентот го завзема местото на претседателот. Ќе објават предвремени избори.
Полските медиуми како Onet.pl се блокирани поради преоптовареност, а истото се случува и со мобилната телефонија.
Dziennikarz известува [полски]:

Сите полски портали имаат проблеми со преоптовареност на мрежите.
Malis информира за мобилните мрежи [полски]:

Мрежата #plusgsm е преоптоварена. Луѓето треба меѓу себе да си се јавуваат за да ги дознаат новостите.
Мејнстрим медиумите редовно известуваат, па се појавија реакции и на нивните извештаи.
KissMeJoeJ објави:

Сликите од оваа трагедија се ужасни. 132 луѓе се мртви 🙁 [*]
Polskatimes.pl ја објави првичната листа на патници во авионот, поставувајќи ја и на Твитер.
Некои како Irenkaa, започнаа со шпекулации [полски]:

Се прашувам дали оваа трагедија е навистина несреќа..
Voter101 коментира за фактот дека претседателот не беше омилен меѓу народот [полски]:

Никој не го сакаше-сега кога е мртов го почитуваат… Иронично.
Naphilim објаснува [полски]:

Можеби не го сакав, но вака не ја замислував промената на претседателот на државата.
Луѓето се собираат во групи да го искажат своето сочуство, како што dominikpanek пишува [полски]:

Пред претседателската палата се собираат граѓаните на Варшава. Носат цвеќиња и пораки.
Корисниците на Твитер го користат хаштагот #RIPLechKaczynski да го искажат своето сочуство онлајн, повикувајќи ги останатите да им се придружат, како што тоа го прави TeamJoeЈ:

Ве молам продолжете да помагате со #RIPLechKaczynski 🙁
Твитот на Linkaaa‘s го изразува општото мислење на корисниците на полските социјални мрежи:

Плачам. Иако не сум се интересирала за политика, сега во прашање е Полска. Мојата земја. Нашиот претседател. Полскиот претседател.






