Преведувач на неделата: Одри Ламберт и нејзините ученици во Франција

Audrey

Одри

Одри Ламберт предава англиски јазик на ученици на напредно ниво во гимназијата Озен (Lycée Ozenne), државно средно училиште во главниот град на северно-западна Франција,Тулуз. Таа е посветен преведувач-волонтер на Глобал Војсис на француски од 2008та година и прва почна со користење на Глобал Војсис во училница, а во изминатите две години, проектот е дел од наставниот план по напреден, англиски јазик.

Стандардно прашање: како дозна за Глобал Војсис?

Случајно наидов на Глобал Војсис на француски и бев многу среќна од идејата дека секој може да придонесува. Преведувањето го доживувам како многу возбудлива активност. Понекогаш знае да биде проблематично но, откако ќе го усовршите, навистина носи задоволство. Дополнително, навистина се чувствував добредојдена во оваа пријатна заедница (забелешка: како да го објасниме ова? На Одри и се допаѓаме!). Во 2008та година, направив храбар чекор и побарав од моите ученици да преведуваат блог постови на француски, како дел од нивните преведувачки вежби.

Зошто учениците мора да го учат преведувањето како предмет?

Моите ученици го завршија средното образование и сега се обучуваат за еден навистина тежок приемен тест за „Големите училишта (Les grandes écoles)“, француски, елитни образовни центри. Англискиот јазик и медиумската писменост се застапени во голем дел во овие училишта и студентите ќе бидат оценувани за двете поединечно. На пример, за време на моите предавања слушаме радио вести на англиски јазик. Моите ученици немаат посериозни проблеми со вокабуларот на изворот. Споредена со традиционалните, медиумски написи, работата со Глобал Војсис е потешка поради предизвикот од преведување на полесен јазик користен на блоговите, блогерскиот индивидуален тон и стил, шегите и сленгот.

Каква рутина им постави на твоите ученици? Дали таа им се допаѓа?

Нормално, рутината се разликува од досегашниот наставен план по англиски јазик кој е типично школски и концентриран на тестови. Пробав различни методи на работа: по еден пост од секој студент или по еден пост преведен од група студенти. Оваа година, тие работат во парови. Сами ги одбираат написите кои ќе ги преведуваат, а крајниот рок до кој треба да ги предадат е по училишните празници или долгите, споени викенди. Преведените постови ми ги испраќаат преку електронска пошта. Ние отворивме посебен кориснички профил на Глобал Војсис на француски, од кој ги објавуваме нивните преведени написи (погледнете ги од минатата година и од оваа година). На одреден начин, тие создаваат нешто посебно, па вака ја промовираме нивната работа. Да се види нивното име и работа на интернет е вистински поттик, па дел од нив нестрпливо го очекуваат таквото појавување на вебот.

Дали би им го препорачала овој експеримент и на останатите професори?

Да бидам искрена, ваквиот начина на настава бара многу работа! Понекогаш се чувствувам поразена од работата, кога покрај стандардните обврски ми стигнуваат дополнителни 50 пораки по електронска пошта со преводи кои треба да ги прочитам, коментирам и корегирам. Сепак, овој експеримент е исплатлив и вреден и го препорачувам на останатите професори. Со овој метод се гради полична врска со студентите, ги запознавам подобро преку тематските написи кои одбираат да ги преведуваат. Јас не ги вреднувам нивните преводи и на тој начин градам еден опуштен, слободен однос со моите ученици.

Students are credited  for their translation on the site

Учениците се именувани и пофалени за својата работа на врвот од постовите со нивните преводи.

Како е прифатено граѓанското новинарство и медиуми во француската, школска средина?

Професорите кои се дел од напредната настава имаат слобода на избор на материјалите со кои работат. Јас го информирав наставничкиот колегиум пред да започнам со овој експеримент и тој беше добро прифатен. Што се однесува до моето лично искуство, на Глобал Војсис научив голем дел од работите кои ги знам на лингвистичко, а и културно ниво. Пристап до вести третирани од традиционалните медиуми не сум имала никогаш или многу ретко. Граѓанските медиуми ги доживувам како голема предност во полето на демократијата. Блоговите носат нова перспектива, лично гледиште и широк спектар на субјекти.

Која професионална насока беше твојот прв повик, преведувањето или држењето настава?

Отсекогаш сакав да предавам. Како дете, ги учев моите кукли и плишани мечиња. Се вљубив во англискиот јазик откако мојата мајка која живееше осум години во Јужна Африка, почна да ме учи детски песни на англиски јазик. Подоцна требаше да се одлучам меѓу англискиот и шпанскиот јазик, кој исто така го сакам. Дипломирав англиска литература, со дипломски труд на тема: „митот за амазонците во елизабетантската литература (период кој се однесува на англиската литература во време на владеењето на Кралицата Елизабета). Многу сакам да читам модерна англиска литература и голема желба ми е еден ден да ја преведам мојата омилена англиска новела на француски јазик. Сепак, време за се немам, па моментално се посветив на една друга пасија: поддршка (застапување) на животните. Мојот сон е еден да добијам можност за живот меѓу приматите.

A medieval cloister in Toulouse, where Audrey lives (Photo by nz_willowherb on flickr used under a Creative Commons license)

„Јакобинците (Les Jacobins)“, манастир во Тулуз, францускиот град во кој Одри живее и работи (Фотографијата е снимена од корисникот на Flickr, nz_willowherb. Фотографијата е под Криејтив комонс лиценца).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.