Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Швајцарските банкарски сметки на Кралот на Шпанија повеќе не се тајна

Во последните неколку месеци, откриени се бројни скандали во Шпанија кои ја откриваат мерата до која нејзината бизнис и политичка елита го пљачкосуваат имотот на земјата и го преместуваат профитот во даночни засолништа каде овие бесправно стекнати пари остануваат скриени и неактивни. Истовремено, неколку скандали ја погодија монархијата, предизвикувајќи луѓето да гледаат попреку институција која до почетокот на кризата беше прилично многу почитувана во земјата.

Последните од овие скандали, кои El Mundo ги обелодени на 31 март, го разоткрија постоењето на неколку швајцарски банкарски сметки под името на кралот на Шпанија и други членови на кралското семејство, со вкупен баланс од повеќе од 728 милиони пезети, или повеќе од 4 милиони евра.

Don Juan and Doña María de Borbón with their four children: Alfonso, Juan Carlos, Margarita and Pilar. Photo from the blog lareinadecorazones.com

Дон Хуан и Доња Мариа де Борбон со нивните четири деца: Алфонсо, Хуан Карлос, Маргарита и Пилар. Фотографија од блогот lareinadecorazones.com

Според весникот, овие сметки се дел од наследството кое таткото на кралот, Дон Хуан де Борбон, го оставил на неговите деца, кое делумно го наследил од неговиот татко, Крал Алфонсо XIII, кој беше избркан од Шпанија во 1931. Од тогаш до смртта на Генерал Франко, шпанската кралска фамилија живееше во прогонство (во Франција, Италија, Швајцарија и Португалија), па во принцип не треба да биде изненадување дека нивните средства се чуваат во странство.

Она што се уште се чини нејасно за многу Шпанци, е зошто после толку многу години (Дон Хуан се врати во Шпанија во 1981 и почина во 1993) овие сметки останале во Швајцарија, кога ниту еден член на кралската фамилија не живее таму. Друга приказна е претпоставената „сиромаштија“ која Бурбоните ја преживеале за време на нивните години во прогон, бидејќи сите историчари досега се согласија дека Дон Хуан и неговото семејство живееле од дарежливоста на богатите монархисти, дури се соочувале со финансиски потешкотии. Како што Рогелио Делгадо се навраќа на неговиот блог Otras esquinas,

Ricardo Mateos, autor del libro “Estoril, los años dorados”, recibió el testimonio de muchos de los personajes más cercanos al entorno de don Juan y de doña María, todos ellos coincidentes en una afirmación rotunda: “No tenían un duro”

Рикардо Матеос, автор на книгата „Есторил, Златните години“, интервјуираше многу од најблиските луѓе во кругот на Дон Хуан и Доња Мариа, од кои сите се категорично се согласија: „Тие немаа ниту цент“

Palace of La Magdalena, in Santander (Spain). Photo from the blog laspain.com

Палатата Ла Магдалена, во Сантадер (Шпанија). Фотографија од блогот laspain.com

Знаеме дека Дон Хуан, со неговото владеење како Принц на Астуриас (наследник на шпанскиот трон), добил пари, накит, акции и имот на островот Кортегада, и палатите Мирамар и Ла Магдалена по смртта на неговиот татко. Според неколку автори, овој имот никогаш не требало да му биде пренесен на Дон Хуан затоа што тие му биле дадени Алфонсо XIII во неговото владаеење како крал а не како индивидуа, и притоа припаѓале на Националната татковина.

Исто така, нејасно за Шпанците е дали швајцарските сметки кои сега се сопственост на кралот и неговите сестри се пријавени кај шпанските власти и соодветно оданочени. Неколку политички партии побараа информации за овие сметки од парламентот, иако Одделот за финансии напомена:

(…) el Ministerio de Hacienda está sujeto a la ley general tributaria, que no permite difundir datos de obligados tributarios, y una pregunta parlamentaria tampoco permitiría saltarse esto.

… Одделот за финансии подлежи на даночен код, што не дозволува споделување на податоци за даночните обврзници, и дури и парламентарно барање нема да ни дозволи да го заобиколиме тоа.

Неразбирливоста која ги опкружува финансиите на кралското семејство и фактот дека монархијата потпаѓа надвор од идниот закон за транспарентност изнесен од владата, се чини дека се повеќе го иритира шпанскиот народ и прави голема штета на институцијата, која се чини дека ниту владата ниту семејството може да ја увиди, а од која е тешко да се предвидат последиците.

Гневот на луѓето може да се види од коментарите оставени под оваа приказна во неколку различни извори на вести. Во La república, Сенто коментира:

¿Alguien esperaba otra cosa de esta tropa?

Дали некој очекуваше нешто поинакво од оваа дружина?

Во El mundo, BENITOPITO вели:

“monarquía corrupta e insensible con los dramas sociales de los ciudadanos” ___ esta frase resume muy bien lo que está pasando desde hace bastantes años. La jugada de la democracia fue muy oportuna y muy oportunista, pero cuando se vio el blindaje económico, político y de responsabilidad penal de la familia real, entonces caímos en la cuenta de cómo habían jugado con nosotros, que somos más de 40 millones, y durante casi 40 años. (…)

„Корумпирана монархија која е отрпната на социјалните катастрофи на нејзините граѓани„ ___ оваа реченица добро го сумира она што се случуваше со години. Потегот кон демократија беше многу поволен и опортунистички, но кога штитот кој ги опкружуваше економските, политичките и криминалните склоности на кралската фамилија постана проѕирен, тогаш сфативме како не изиграа, ние кои сме повеќе од 40 милиони, речиси 40 години….

Во истиот напис, parmenides64 вели:

Pues no esta tan mal la herencia para una persona a quien no se le conoce haber tenido un empleo en su vida.

Не така лошо наследство за некој кој е познат дека никогаш немал работа во неговиот живот.

На Твитер, Mигел А Солер Неира пишува:

@MASolerNeira: Si el dinero en Suiza es de una herencia y en 20a [años] no has reparado en traerlo al país del que eres Rey, no pasa nada, no?

@MASolerNeira: Доколку парите во Швајцарија се од наследство и 20 години ги немате донесено во земјата во која сте Крал, не е голема работа, така?

Франциско Гера Кабалеро и Фелибе Х. Гонзалес коментираа на elplural.com:

Republican flags waved during a protest against banks. Photo from Facebook page «Alternativas a la banca tradicional.»

Републикански знамиња се веат за време на протест против банките. Фотографија од страницата на Фејсбук «Alternativas a la banca tradicional.»

Francisco Guerra Caballero:
Y todo eso sin tributar en españa ni un solo centimo, pero para eso estamos los currantes de este pais para levantar un imperio en nombre de los borbones.

Франциско Гера Кабалеро:
И сето ова без да се плати ниту еден единствен цент данок на Шпанија, но затоа ние сме работниците на оваа земја кои подигнаа империја во име на бурбоните.

Felipe J González:
Conducta ejemplar, preconizaba aquí el Juan Car en el palique de fin de año.. Hay que tener mucho temple, que diría Watson.

Фелипе Х Гонзалес:

Примерно однесување, Хуан Кар повикан тука на разговор за крајот на годината… Човек мора да има карактер, како што би рекол Вотсон.

Во светлото на овие настани, повеќе луѓе повикуваат на одрекување од престолот на Кралот Хуан Карлос, кои некои веќе го сметаат за застарен. Од овие гласови, монархистите преферираат одрекување од престолот во корист на неговиот син Фелипе, но расте бројот на Шпанци кои го бараат правото да изберат шеф на државата преку демократски систем. Како што беше случај со неколку точки во шпанската историја, понекогаш иднината на монархијата се чини мрачна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.