- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сингапур очекува да го засили населението со странци

Категории: Источна Азија, Сингапур, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Етничка припадност и раса, Политика

Новата стратегија за население на сингапурската влада предизвика дебата за тоа дали треба да се добредојдени повеќе странци за да се реши проблемот со населението кое старее. Исто така се разви дискусија за тоа што го сочинува „Сингапурското јадро“.

Владата очекува намален миграциски раст, но го продолжи порастот кругот на локално родените до можна бројна на население од 6.9 милиони во 2030. Стратегијата, откриена после една година интензивно проучување и консултација, беше нафрлена како неизбежно решение за економското забавување поради опаднатите стапки на плодност на родените Сингапурци.

Незавидливиот избор на владата, како што е потенцирано од Министерот за животна средина, Вивиан Балакришнан, на неговиот блог, е еден од „Политичките самоубиства наспроти искоренувањето на населението“ [1]:

Singapore students. Photo by amasc (Flickr) [2]

Студенти во Сингапур. Фотографија од amasc (Фликр)

 

Преферирам да имаме помала населеност на странци во нашиот Сингапур, но… се соочуваме со кризата на нашиот живот. Нашето население ќе се преполови на секои две генерации. Но, тоа… е долгорочен проблем. Вистински итниот проблем не се бебињата, туку стареењето. Поради тоа популацијата ќе се зголеми краткорочно пред неизбежното намалување гледано долгорочно.

Политичарот од опозицијата Ји Јен Јонг од Работничката партија дискутира [3] дека растот на населението не е тој кој ќе создаде динамичен Сингапур туку она што е потребно е „динамично население за одржлив Сингапур“:

Госпоѓо говорничка, јас не сум против странците кои сакаат да станат Сингапурци. Да се интегрираат вистински и да постанат Сингапурци како што ние ги знаеме, за тоа е потребно време. За да се интегрира, странецот треба да помине квалитетно време тука и да направи вистински напор за да го разбере нашиот начин на живот и да го зборува нашиот јазик. Колку брзо можеме да направиме тоа да се случи со возрасни имигранти?

Блогерот Oddznns напиша дека вистинско прашање [4] е што сакаат Сингапурците и кои се жртвите кои се подготвени да ги направат.

Како создаваме национален идентитет, корени и чувство на припадност дури и кога се трудиме да создадеме работни места, можност и даночна основа да плаќаме за понежна, подобра земја?

Веројатен одговор може да се изведе само ако одиме преку рамката на компетитивност и едноставна економска одржливост. Нашиот најдобар сингапурски дом не е само оној кој е економски енергичен. Треба да биде доволно конкурентен за нашите срца да ветат, одржлив во поглед на лојалноста.

Крајното прашање за државноста е – За што сме подготвени да умреме?

Но, кои се Сингапурците на кои ќе им биде дозволено да одлучат? Ова е прашањето поставено од еден друг блогер, Сингапурскиот критичар од фотеља, кој вели [5] дека „Поседувањето на сингапурски пасош, те прави „инстант граѓанин“, но не те прави Сингапурец“:

Да цитирам клише „домот е таму каде што е срцето“, треба да помине време пред нов доселеник да развие длабоки емоционални врски – преку апсорбирање на локалните култури и градење на социјална мрежа на семејство и пријатели – тоа ги надминува ладните, рационални калкулации да се остане или напушти Сингапур доколку околностите тука тргнат на лошо.

Кој навистина е Сингапурец и од што навистина е составено сингапурското јадро? Ова прашање продолжува да се дискутира во блогосферата. Можеби, само времето ќе открие.