- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Правото за развод на жените дебатирано во парламентот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Граѓански медиуми, Жени и род, Закон, Религија, Човекови права

Претставата на новиот египетски парламент продолжува да предизвикува дебати на социјалните медиуми. Новиот парламент се сметаше за чекор напред кон демократија. Меѓутоа, парламентот продолжува да дискутира за проблеми кои не се важни за најналожувачките потреби на земјата – како што е барањето за забрана на веб-страниците со порнографска содржина.  [1]

Имаше уште една полемика поврзана со пратеник кој тврдеше дека часовите по англиски јазик се сценарио за вестернизација на египќаните [2]. Последното фијаско беше поврзано со барањето на еден пратеник да им се одземе на жените правото да поднесат барање за развод. [3]

Во минатото, кога стануваше збор за правото на жените на развод, египетските жени беа сериозно дискриминирани [4]. Мажите имаа право да се разведат од своите сопруги без да одат на суд. Жените мораа да поминуваат низ долга, сложена и бирократска постапка за да добијат развод. Ситуацијата беше малку подобрена во 2000 година, кога беше донесен закон кој на жените им даваше право да поднесат барање за развод без вина Кул (Khul’) [5]. Со овој закон, жените можат да добијат развод, меѓутоа мора да се откажат од нивните финансиски права.

Корисниците на социјалните медиуми брзо реагираа на предлог-законот за поништување на Кул (khul’) во парламентот [3].

Мерит Ал-Сајед [6] вели:

مشروع الغاء قانون الخلع خطأ فادح. الخلع دفعة الى الامام للمرأة التي من حقها البدأ من جديد في حياتها.

Предлог-закон за поништување на Kул е сериозна грешка. Kул претставуваше чекор напред за жените; нивно право е да почнат одново со својот живот.

Мира Сами [7] додава:

مشروع قانون لإلغاء الخلع هو البرلمان دا جئ علشان يقضى على كل حقوقنا بدل ما يجيب الحقوق المغتصبة ولا دا جزء من خطة ولا يوم من أيامك يامبارك
Предлог-закон за поништување на Кул (Khul’)? Дали парламентот е тука да ниги одземе сите права наместо да ни ги врати загубените? Или ова е дел од некој план да не натераат да кажеме „врати се Мубарак“?

Не само жените, туку и многу машки поддржувачи беа лути и ја споделија својата вознемиреност. Ваел Халил [8] приговара:

ال كنت عامل حسابه وخايف منه بيحصل: مشروع قانون لالغاء الخلع…. الاخوة النواب – فرجونا شوية شطارة على السلطة والعسكر مش على الشعب المسالم
Она за што бев загрижен се случува: предлог-закон за поништување на Кул. Драги пратеници, покажете мудро работење против властите и војската, не против мирољубивото население.

Али Аграс [9] негодува:

إلغاء قانون الخلع هو ببساطة اعطاء الضوء الأخضر للرجال للأساءة إلى زوجاتهم جنسيا و إذا اعترضت فهي كافرة و زنديقة ؟ أترضاه لاختك يابو دقن ؟
Поништувањето на законот Кул едноставно им дава зелено светло на мажите сексуално да ги злоупотребуваат своите сопруги; и ако таа се пожали ќе биде наречена неверница? Дали би сакале тоа да им се случи на вашите сестри, брадести мажи?

Шериф Каири [10] појаснува:

مشروع قانون منع الخلع ده على أقل تقدير ساذج.. افتراض ان خراب البيوت بيجي لما الطلاق يحصل.. مش مدرك ان الخراب الأكبر انهم يعيشوا كارهين بعض
Овој предлог-закон е наивен, во најмала рака. Ако разводот е штетен, не е ли поштетно ако живеат заедно, а притоа се мразат?

Како и вообичаено, имаше и многу саркастични и смешни коментари. Noon Arabia [11] создаде сторија од дебатата [12] главно со твитови од  @Elma7roossa [13] која напиша неколку твитови под хаштагот #الخلع_قوة [14] кое значи „Кул е моќ.“

Дополнително, Рихам Мохамед [15] се шегува:

مجلس الشعب كده بيلعب بالنار .. قالك يلغى قانون الخلع .. ده كانت الستات قاموا عليهم قطعوهم ‎:D‏
Парламентот си игра со оган. Ако тие речат дека ќе го поништат Кул, жените ќе одат да ве расечат на парчиња! 😀

Мухаб Талаат [16] исто така вели:

اكيد الي قدم طلب الغاء الخلع عايز يلعب بديلوا وخايف مراتوا تخلعوا وعجبي

Пратеникот кој бараше поништување на Кул дефинитивно сака да „шара“, но се плаши дека неговата сопруга ќе се разведе од него!

Сали Зохни [17] ја цитира својата мајка:

ماما اللي بتخاف من المظاهرات ” لو مجلس المتخلفين ده لغى الخلع أنا حجيب خيمة ومش حمشي من قدام مجلس الشعب”…ادوني عقلكم
Мајка ми, која се плаши од протестирање вели: „ако овој ретардиран парламент го поништи Кул, ќе си поставам шатор пред зградата на парламентот и нема да заминам.“ Јас бев запрепастена!

Исто така, вреди да се спомене дека пратеникот кој го претстави предлог-законот за поништување на Кул не е член на исламистички партии, туку е поранешен член на либералната партија Вафд. Aхмед Шокеир [18] го претстави своето мислење за ова:

مطالبة عضوا بإلغاء الخلع الذي حلله الدين توددا للإسلاميين هي متاجرة بالدين ، تؤكد ان مطالبة الغير بتطبيق أمور تحت مظلة الدين ليست لأجل الدين

Барање од пратеник за поништување на Кул, којшто е религиски прифатен, за да ги стиши исламистите е како тргување со религијата. Ова потврдува дека поставувањето барања под маска на религијата не е за доброто на религијата.

Всушност, дебатата се однесуваше и на тоа дали Кул е исламски или не. Многу корисници рекоа дека Кул е всушност дел од исламското право. Мохамед ел Гохари  [19]потврдува дека Кул е исламски и вели:

Khlo3 не може да биде поништен, се додека „Исламот е основен извор на законодавството“ постои во Уставот.

За крај, не сите се согласуваат по ова прашање и не секој мисли дека поништувањето на Кул е лош потег. Корисникот на Твитер @_ADHEM  [20]твитна:

انا ضد قانون الخلع لانه مش في الإسلام حاجة بتقول كده ولو ع الخمسين واحد الي علي تويتر دول عادي هما بيسافروا بره كتير ‎‫#مصر‪‏
Јас сум против Кул бидејќи не постои такво нешто во Исламот кое го поддржува, а што се однесува до тие 50 корисници на Твитер кои го поддржуваат, па и не е голема работа, тие веќе доста патуваат во странство!