- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мароко: Бегство од затвор

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Мароко, Закон, Најважни вести

Во понеделникот, 7ми Април, деветмината обвинети за вклученост во самоубиствените бомбардирања во 2003 во Казабланка исчезнаа од затворот Кенитра [1]. Групата Енасир, застапници за правата на затворениците изјави дека бегството коинцидира со почетокот на штрајкот со глад на околу 1,000 затвореници низ Мароко. Истражувањето е во тек, но затворениците сеуште не се пронајдени.

A Moро од Америка сподели анализи на бегства од затвор [2] кои се поврзани со терористички обвинувања и изјави:

– Затворот Кенитра е познат по тоа што и порано имало бегства од таму. Нино, дилер на дрога од Кута, успеа минатата година да си го купи излезот од злогласниот затвор. Никој од затворските чувари не беше суспендиран или казнет откако Спанјард побегна.
– Назад на овонеделната евазија, по коинциденција, кучето на сопственикот на затворот, заедно со својот кафез, беа отстранети пред неколку дена од затворот. Според дневникот на Алмаси, тунелот завршувал токму на местото каде што стоел кафезот на кучето.
– Досега во историјата на Мароканските затвори, успеале да избегаат два типа на затвореници — членови на Ал-Каеда и дилери на дрога. Заеднички именител на двата случаја е што и двата припаѓаат на богати кругови, подготвени да платат во кеш. Затворските чувари може лесно да бидат поткупени бидејќи не само што се многу ниско платени, туку исто така работат во многу корумпирана средина каде единствено правило се парите и митото. Тоа е културата на затворите во Мароко, исто како што е случај со затворите во земјите во развој.

Maдам Монет се занимава [3] од сличноста помеѓу овој инцидент и популарната телевизиска програма со истото име:

Во вистинското бегство од затвор, имаме девет осудени терористи кои избегаа вчера од затвор во Кенитра. Очигледно, исто како во филм од животот во Втората Светска Војна, направија тунел користејќи мала лажичка! Тие беа обвинети за учество во бранот бомбардирања на Казабланка во 2003 година. Полицијата се чини дека поставува свои луѓе на сите контролни пунктови низ Мароко. Јас мислам дека затворениците мора да ја гледале Бегство од затвор, една од најпопуларните серии во Мароко. Штета што и затворските чувари не ја гледале!