Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: 35 мртви од поплавите во Буенос Аирес

Силните дождови кои ја погодија областа Буенос Аирес оставија најмалку 35 мртви и илјадници без дом.

Блогот EA2CPG ни кажува за климатскиот феномен кој ја погоди Аргентина на 2 април, 2013, коинцидирајќи со Денот на ветераните и одбележувањето на војната на Фолкландските острови, кои се државни празници:

La ciudad de Buenos Aires tiene unos tres millones de habitantes. Más de un 10% de la población ha sido afectada directamente por las últimas lluvias, las más dañinas de los últimos 107 años, de acuerdo con las autoridades. La Reina del Plata se pareció en la madrugada del martes a Venecia y necesitará muchos días para retomar la normalidad.

Градот Буенос Аирес има околу три милиони жители. Повеќе од 10% од популацијата е директно засегната од неодамнешните дождови, кои предизвикаа најголема штета во последниве 107 години, според властите. Во раните утрински часови во вторникот Ла Реина дел Плата изгледаше како Венеција и ќе бидат потребни неколку дена за да се врати во нормала.

Popckorn, блог за мобилната култура во Буенос Аирес, објавува слики од граѓаните од некои од соседствата погодени од силните дождови. Во меѓувреме, корисникот на Јутјуб informeya го сподели ова видео од поплавите:

https://www.youtube.com/watch?v=yu6BfQQFPnI

Во објавата “#Temporal: Relatos de la Catástrofe” („Бура: Приказни за катастрофата“), списанието Aнфибиа, меѓу сликите од трагедијата, исто така објавува некои сведочења кои жртвите ги објавиле на Фејсбук, како она на музичарот Габо Феро:

La colección de discos de Gardel de mi viejo flotando entre los míos y los de mis amigos. La casa levantada sobre una correntada. Entre la somnolencia de la madrugada, el asombro y la impotencia. Sacar el agua y tragar saliva. Seis horas sacando agua. En su casa, mi vieja eligiendo entre sus cosas guardadas durante 79 años que tirar y que secar para salvar. Una vecina triste como un fantasma pues el agua le arrebató una foto; lo único que le quedaba de su hijo.

Музичката колекција Гардел на татко ми плута заедно со мојата и оние на моите пријатели. Куќата ја носи текот. Во поспаноста на раните часови, шок и безпомошност. Цедејќи ја водата, без здив. Шест часа вадење вода. Во нејзината куќа, мајка ми избира од работите кои ги чувала 79 години: што да фрли, а што да исуши и зачува. Еден сосед, тажен како дух, бидејќи водата му однела една фотографија: единственото нешто што му останало од неговиот син.

Ова не се првите поплави кои областа Буенос Аирес ги има претрпено. Штетата која се повторува предизвикана од дождовите ги предизвика аргентинските блогери да дебатираат дали минималната инвестиција во инфраструктурата, брзо-растечкиот недвижен имот, или климатските промени можат да се обвинат за катастрофата.

Страницата на Фејсбукa Cátedra Libre del Agua ги анализира промените во Буенос Аирес од неговото основање:

Pero por qué se inunda Buenos Aires? Desde su fundación, la ciudad fue creciendo y extendiéndose hacia el conurbano bonaerense. A medida que este crecimiento se encontraba con arroyos que desembocan al Río de la Plata se los entubaba, se rellenaba su cauce y a lotear que se acaba el mundo. La renta urbana es una tentación difícil de evitar. Durante un tiempo estos entubamientos soportaban bien la lluvia, pero a medida que se siguió construyendo la superficie natural absorbente disminuyó y el volumen de agua que comenzó a pasar por allí aumentó. A esto hay que sumarle la desaparición de los pulmones de manzana y su sustitución por cemento, además de la poca pendiente que tenían los arroyos que fueron entubados. Finalmente, están los rellenos sanitarios en la costa del Río de la Plata para ganar superficie con fines inmobiliario que aumentan el largo de los entubamientos hasta llegar al desagüe naturales.

Но, зошто се поплавува Буенос Аирес? Од неговото основање, градот растеше и се прошируваше кон излезот на Буенос Аирес. Како што овој раст се конвергира со потоците кои се влеваат во Рио де ла Плата, ги канализира, каналот се полни и потоа е лотарија што следно ќе се случи. Урбаниот приход е искушение на кое е тешко да се одолее. Некое време овие канали добро го поднесуваа дождот, но како што градбата продолжи природната апсорбирачка површина исчезна и се зголеми волуменот на водата која почна да тече. На ова треба да се додаде исчезнувањето на зелениот простор и неговата замена со цемент, како и нежните корита на потоците кои беа канализирани. Конечно, тука се и депониите кои се лоцирани на брегот на Рио де ла Плата со цел да се добие земјиште за градење, со што се зголемува должината на цевките пред тие да пристигнат до нивните природни одводи.

Забелешката продолжува:

Si después de todo esto Buenos Aires no se inunda, es porque hay sequía. Además, el agua tiene memoria, siempre buscará ir por los mismos lugares que supo ir antaño. Una parte irá por los entubamientos y, el resto, por la superficie. Y así se producirá la inundación, una y otra vez.

Доколку Буенос Аирес не е поплавен по сето ова, тоа е затоа што има суша. Дополнително, водата има меморија, секогаш ќе гледа да оди на истото место каде била во минатото. Дел ќе оди низ цевките, а останатото на површината. И така, повторно и повторно ќе се случува поплавување.

imagen de @gstreger

Фотографија споделена од Густаво Стрегер (@gstreger) на Твитер.

Во меѓувреме, владата на Кристина Фернандез де Кирчнер и владата на градот Буенос Аирес исто така бараат виновници. Националната новинска агенција Tелам објави изјави од Секретарот за федерално планирање, Хулио Де Видо:

El ministro de Planificación Federal, Julio De Vido, aseguró que “otra vez la falta de gestión” del gobierno de Mauricio Macri “nos lleva a lamentar víctimas fatales, y deja a 450 mil vecinos sin luz” en la Ciudad.

Секретарот за федерално планирање, Хулио Де Видо, тврдеше дека „повторно недостатокот на менаџмент“ на владата на Маурицио Макри „не води до жалосни жртви и остава 450.000 жители без светло“ во градот.

Од друга страна, Comunas 24.com известува дека шефот на владата на градот Буенос Аирес, Mаурицио Макри, изјавил:

“Los vecinos de Belgrano me dijeron que en algunos sectores algunas obras parciales que hicimos contribuyeron a mitigar un poco el problema, pero ha habido muchísimo daño y, obviamente, lo que falta es esta obra final en el arroyo Vega, que todavía no hemos podido iniciar por la falta del aval nacional para tomar el crédito” […] “Yo pienso que la Presidenta debe haber visto lo que pasó ayer y todo lo que sufrió la gente de esa zona, en sus domicilios y en los comercios. Espero que baje una orden que nos habilite para tomar este tipo de crédito”. Macri recordó que hace más de cuatro años que la Ciudad solicita esos avales y aclaró que el crédito, “lo va a pagar la Ciudad integramente.”

„Жителите на Белграно ми кажаа дека во некои сектори некои парцијални работи кои ги направивме придонеле за намалување на проблемот, но има доста штета и очигледно, она што недостига е таа финална работа кај потокот Вега, која се уште не можеме да ја почнеме поради недостиг на национална поддршка за да земеме заем“ […] „Сметам дека претседателот треба да види што се случи вчера и што се пропатија луѓето од областа, во нивните домови и бизниси. Се надевам дека ќе биде одобрен мандат кој ќе ни дозволи да земеме ваков вид на заем.“ Макри се присети дека пред повеќе од четири години градот аплицираше за оваа помош и стави до знаење дека заемот „ќе биде целосно исплатен од градот“.

Лаура Јабрун (@LambreLau) пишува:

@lambrelau: Para no quedar fuera de las circunstancias, CFK [Cristina Fernández de Kirchner] y Macri se lavaron bien las manos #inundaciones #dondeestaCFK #Macri

@lambrelau: КФК [Кристина Фернандез де Кирчнер] и Макри целосно си ги измија рацете од ситуацијата #inundaciones (поплави) #dondeestaCFK (Каде е КФК) #Macri

Веб-сајтот за граѓанско новинарство Letra Compartida и порталот за вести Infobae споделуваат повеќе слики и вести на Сторифај.

Мала сликичка од корисникот на Твитер @JoseIniesta.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.