- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

САД: Солидарност против цензурирање на латино-американската литература

Категории: Северна Америка, САД, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Книжевност, Миграција и имиграција, Образование, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Укинувањето на мексиканско-американските студии [1] и цензурата на многубројните книги во училиштата во Тусон, Аризона предизвика национална поддршка кои завземаа форма на разни протести [2], продажби на книги, групи за читање и презентации меѓу другите дејства. Исто така, цензурата на книгите предизвика многу плодни дебати во Њујорк и ширум САД.

Како примери за солидарност еве неколку видеа снимени од писателот Ерасмо Гера [3] за време на панелот кој го организираа судентите од колеџот Џон Џеј, од Градскиот Универзитет во Њујорк, на 25 февруари 2012 година.

Помеѓу поканетите беше и писателот Тони Дијаз основач на Либротрафиканте [4], движење кое организираше караван за да шверцува забранети книги од Хјустон, Тексас во Аризона со цел да си го исполни правото на писменост и политички отпор.

Покрај него, присутни беа и Лиана Лопез и Брајан Парас, исто така коосновачи на Нуестра палабра: Латино писателите имаат право на збор [5]: организација која во изминатите 13 години создава услови за дистрибуција на книги напишани од латиноамерикански автори во Хјустон, Тексас.

Од Њујорк беше писателот Рич Виљар [6], кој раководи со Фундацион Ацентос [7]: литературна организација основана во Бронкс, Њујорк во 2003. Во неговата презентација Виљар повлече паралела меѓу кариерите на порториканските писатели кои не се исклучени од потиснување и сегашната ситуација во Тусон, Аризона.

(Откако го слушнавте Виљар и ако сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за кариерата на порториканскиот библиотекар Пура Белпре, можете да погледнете во архивата на Центарот за порторикански студии [8], на колеџот Хантер од Градскиот Универзитет во Њујорк.

Продолживме со презентацијата на Серхио Тронкосо [9], писател роден во Ел Пасо, Тексас, дете на мексикански родители, а кој сега живее во Њујорк. Меѓу останатите издадени дела тој ги напишал и Последната тортиља & други приказни, Природата на вистината, Од оваа извртена прашинка, како и книгата со кратки приказни насловена како Преминивање на границите: Лични раскази. Исто така, тој пишува на блогот Chico Lingo: Escritura, Lectura, Dinero, Discusión [10]

Караванот на Либротрафиканте [4] пристигна на својата последна станица на 17 март, 2012. Неговата мисија ќе продолжи со идни дебати, образовни програми, општествени и политички сојузи и литературни активности. Исто така, како дел од нивното наследство, четири  „тајни библиотеки [11]“ ги отворија своите врати.