Фејсбук го отстранил личниот профил на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија
На 8 април 2009 година македонскиот портал IT.com.mk извести дека Фејсбук донел решение да го укине личниот профил на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) поради нарушување на правилата за користење на сервисот.
Наводно, меѓу причините за укинувањето било тоа што профилите како форма за комуникација се наменети само за лична и некомерцијална употреба од страна на физички лица, тоа што на профилот биле поставени вознемирувачки фотографии како со посмртни останки на жртви на криминал, како и можноста за загрозување на приватноста на индивидуалните корисници на Фејсбук.
Поставувањето на личен профил на МВР на Фејсбук, а особено неговото укинување, предизвика внимание кај дел од македонската јавност.
По објавувањето на профилот, Утрински весник на 4 април 2009 г. пренесе изјави од новинари, корисници на Фејсбук, кои во голем број биле поканети да станат „пријатели“ со МВР. Новинарите тој чин го перципирале како можност за нарушување на нивната приватност, оти по „спријателувањето“ администраторот на профилот ќе има можност да ги следи сите нивни активности на овој социјален медиум.
Надвор од светот на интернет, слични стравувања неодамна беа изнесени и од весникот Дневник, којшто на 14 февруари извести дека вработен во МВР од редакцијата неколкупати барал список со броеви на мобилни телефони новинари кои пишуваат за политички или општествени теми. Овој скандал заврши со јавно извинување од МВР.
Во иницијалнта изјава за Утрински весник, официјалните претставници на МВР рекле дека се работи за „неофицијално“ средство за комуникација чија цел е полицијата да стане поблиска до граѓаните.
Во текот на викендот, некои граѓани ја искористија можноста преку профилот да прашаат каде може да пријават кршење на Уставот и Законот за македонски јазик, според кои јавната комуникација на државните тела мора да се спроведува според определени лингвистички стандарди – алудирајќи на тоа што наместо кирилица на профилот била употребувана латиница и текстот не е лекториран. Наместо да добијат одговор, ваквите прашања беа просто избришани од администраторот на профилот чие име засега е непознато за јавноста.
Квалификувајќи ја иницијативата како „тежок аматеризам“, блогерката Виртуелна посочи на парадоксот како официјална институција може да тврди дека комуницира неофицијално, додавајќи:
[…]нека кажат јавно кој точно стои зад профилот. Искрено, мене страшно многу би ме интересирало кој државен службеник вработен во МВР ги троши моите и вашите даночни пари за целодневно „фејсбукување“, дека промените на профилот се прават во секунда (во тек на работно време), што значи „некој постојано демне…“ Еве на пример, јас сум прогласена за Сајбер[-зависник] од дечко ми… Нека ми дава мене МВР државна плата и нема никаков проблем, не само работни 8 часа ќе фејсам во нивно име, туку ветувам дека ќе бидам активна и на Facebook Chat, а способна сум и да оддржувам неколку профили симултано!!!
[…]
Плус, на профилот има фотографии кои се сигурно извадени од некоја архива на МВР. Не треба некој да побара специјална дозвола за тоа? Или нема гајле, се што ќе најдеш на серверите на работа – сподели[…]
Утрински весник на 8 април ја пренесе изјавата на Дамјан Арсовски, уредникот на IT.com.mk:
Идејата за да стапам во контакт беше затоа што во медиумите прочитав дека било в ред според нашите закони МВР да има профил, а никој не спомна ништо за тоа дали е в ред ’Фејсбук‘ да биде користен од страна на МВР и дали некој ги почитува правилата…
Околу укинувањето на профилот на МВР се огласил и Јанко Илковски, водителот на провладината контактна ТВ емисија „Јади бурек“, познат по повикот за акција против мирниот протест на група граѓани незадоволни од одлуката на Владата со државни пари да изгради нова црква во Скопје. „Контрапротестот“на 28 март прерасна во насилен инцидент, при што полицијата не ја спречи толпата поддржувачи на владината одлука да претепа неколку студенти. Илковски во емисијата од 7 април го оквалификувал обраќањето до Фејсбук како форма на „кодошење“, неколку пати потенцирајќи го името на човекот кој се осудил да го сврти вниманието на странската компанија кон профилот на МВР.
Коментаторите во комерцијалните медиуми и блогерите блиски до власта моментно водат кампања против сите кои за проблемите во земјата зборуваат во странство, при што таквиот чин се изедначува со предавство.
Претставникот на НВО Центар за нови медиуми Дарко Булдиоски во изјава за Радио Слободна Европа посочи дека отворањето на профил без претходно да се прочитаат условите за користење е веројатно резултат на незнаење од страна на одговорните службеници на МВР.
Самиот Фејсбук не забранува на правни лица и институции да имаат присуство на платформата, но не преку личен профил, туку со одржување на ткн. страница (page) или преку изнајмување рекламен простор. Така тие може да се презентираат информации, но со далеку поограничени можности за нарушување на приватноста на индивидуалните корисници.
Заштитата на приватноста е исклучително важна тема во Македонија, земја која сè уште се бори со наследството од тоталитарниот режим во кој полицискиот систем на следење и известување на „сомнителни“ граѓани покрај технолошко прислушкување опфаќал и регрутирање на роднини, пријатели и колеги кои требало да ги известуваат властите за секој нивни чекор. Во извадок од книгата „Комунистичка интима“ објавен на порталот Окно.мк писателката и професорка Јасна Котеска го пренесува трагичното искуство на нејзиното семејство поради тоа што нејзиниот татко, поетот Јован Котески, четири децении бил жртва на таков надзор:
Кога ќе ја погледнете оваа дифузија на власта и нејзиното најперфидно пенетрирање во интимниот свет, преку вашите пријатели, не можете а да не се прашате, каде е границата? Некои пријателки на мајка ми, а сопруги на нашите поети, во досието се, исто така, разобличени како доушници. Каде завршува списокот? Какво изненадување ве чека зад црните фломастери што ги кријат другите идентитети?
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!