- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Порторико: Архипелаг на инди музиката

Категории: Латинска Америка, Порторико, Граѓански медиуми, Музика, Уметност и култура

Како дел од нивната постојана „потрага по независни звуци на Порторико“, музичкиот блог Порторико Инди [1] ја започна првата серија видеа насловена Архипелаго [2] (Archipiélago). Сериите целат кон документација на локалната независна музичка сцена преку студиски сесии со најветувачките изведувачи од островот.

Архипелаго објави три музички сесии до денес и планира вкупно дванаесет за првата сесија да бидат завршени во 2012. Секоја епизода вклучува снимки во живо од студиото и сегменти со интервјуа.

Во првата епизода се појавува прогресивно панк-трио Кампо-Формио [3].  Бендот сподели неколку од нивните омилени песни од нивната дискографија – но, неочекуваното снимање на необјавената „La Mocosa“ е она што навистина го направи неопходно за слушање од фановите. Порторико Инди, исто така сними сесија во која учествуваше експериментален рок-квартет Tach.dé [4], и пејачката и текстописец Мима [5] – која ја изведе акустичната верзија на „Oigo Voices“, напишана од  признаената доминиканска пејачка и тектописец Рита Индијана [6].

Без понатамошно одлагање, Глобал Војсис ви ги претставува првите три снимени сесии на Архипелаго (по редослед: Кампо-Формио, Мима и Tach.dé). Во интервјуата се опфатени многу теми како креативните процеси на музичарите и локалната сцена на независна музика, како начин да се прикаже малку за карактерот на секој изведувач и да им се помогне на гледачите да ги запознаат луѓето зад музиката.

Интервјуата се на шпански, а музиката е, па, универзална. Уживајте!

Во следната епизода на Архипеаго ќе се појави Давила 666 [7], група која ја надмина локалната сцена во Порторико, добивајќи го признанието на меѓународниот печат во 2011 и одејќи на турнеи насекаде во светот.

Посетете ги puertoricoindie.com/sesiones [8] и youtube.com/puertoricoindie [9] за актуелните епизоди на  Архипелаго и следете ги новостите преку нивните профили на социјалните мрежи twitter.com/puertoricoindie [10] и facebook.com/puertoricoind [11]

Овојтекст е прилагоден од соопштението за печат на Порторико Инди. Сликите се од Порторико Инди.