Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Порторико: Архипелаг на инди музиката

Како дел од нивната постојана „потрага по независни звуци на Порторико“, музичкиот блог Порторико Инди ја започна првата серија видеа насловена Архипелаго (Archipiélago). Сериите целат кон документација на локалната независна музичка сцена преку студиски сесии со најветувачките изведувачи од островот.

Архипелаго објави три музички сесии до денес и планира вкупно дванаесет за првата сесија да бидат завршени во 2012. Секоја епизода вклучува снимки во живо од студиото и сегменти со интервјуа.

Во првата епизода се појавува прогресивно панк-трио Кампо-Формио.  Бендот сподели неколку од нивните омилени песни од нивната дискографија – но, неочекуваното снимање на необјавената „La Mocosa“ е она што навистина го направи неопходно за слушање од фановите. Порторико Инди, исто така сними сесија во која учествуваше експериментален рок-квартет Tach.dé, и пејачката и текстописец Мима – која ја изведе акустичната верзија на „Oigo Voices“, напишана од  признаената доминиканска пејачка и тектописец Рита Индијана.

Без понатамошно одлагање, Глобал Војсис ви ги претставува првите три снимени сесии на Архипелаго (по редослед: Кампо-Формио, Мима и Tach.dé). Во интервјуата се опфатени многу теми како креативните процеси на музичарите и локалната сцена на независна музика, како начин да се прикаже малку за карактерот на секој изведувач и да им се помогне на гледачите да ги запознаат луѓето зад музиката.

Интервјуата се на шпански, а музиката е, па, универзална. Уживајте!

Во следната епизода на Архипеаго ќе се појави Давила 666, група која ја надмина локалната сцена во Порторико, добивајќи го признанието на меѓународниот печат во 2011 и одејќи на турнеи насекаде во светот.

Посетете ги puertoricoindie.com/sesiones и youtube.com/puertoricoindie за актуелните епизоди на  Архипелаго и следете ги новостите преку нивните профили на социјалните мрежи twitter.com/puertoricoindie и facebook.com/puertoricoind

Овојтекст е прилагоден од соопштението за печат на Порторико Инди. Сликите се од Порторико Инди.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.