- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Аргентина: Средношколци користат онлајн видео за објавување на своите проблеми

Категории: Латинска Америка, Аргентина, Владеење, Граѓански медиуми, Закон, Младина, Најважни вести, Образование, Протест, Филм

Со поставување на видео на ЈуТјуб, аргентинските средношколци успеаја да привлечат огромно медиумско внимание[es] за своето барање: потребата од зграда во која ќе се одржуваат нивните часовите. Моментално Ипем 112 „Цезар Инигвез Монтенегро“, во Себастион Елкано, село на северот на Кордоба ги одржуваат своите часови во основно училиште. Меѓутоа, бидејќи основното училиште има двојни смени, средношколците се присилени своите часови да ги одржуваат во вечерните часови, како во ноќно училиште.

Родителите на овие ученици ја превземаа зградата на крајот од март и одлучија дека нема да ја напуштат додека не видат машинерија и дел од конструкцијата на нивната ветена зграда или барем да добијат официјален датум за почеток. На почетокот на оваа година, им беше ветено дека до март тие ќе имаат училиште. ИНЕМ студентите посетуваа часови за општествени науки и комуникации, со чија помош снимија емисија за локален телевизиски канал, а сета оваа содржина беше поставена на веб за да ја погледнат повеќе луѓе. Всушност, веста се прошири низ цела Аргентина со помош на нивниот ЈуТјуб канал.

На следново видео на шпански, родителите зборуваат за како тие ја чекаат владата 20 години за да го изгради ИПЕМ 112 училиштето, како директорите на основното училиште Карпани Коста, каде средношколците ги слушаат часовите, им дозволиле мирно да го преземат училиштето и како тие ќе го окупираат училиштето комплетно додека не го видат почетокот на градбата на ветената зграда.