Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Видеа кои промовираат толерантност и еманципација на жените во Индонезија

A screenshot of the video promoting tolerance in Indonesian society.

Фотографија од видео кое промовира толеранција во индонезиското општество.

Во Индонезија, невладина организација (НВО) создаде неколку видеа преку кои се прикажува нејзиното залагање за мирно решавање на конфликти

НВО „Search for Common Ground“ ги употреби видеата како дел од нивната едукативна кампања за промоција на еманципацијата на жените, толеранцијата и спречувањето екстремизам во индонезиското општество.

Двете видеа се направени со цел „промена на јавните ставови и гледишта за улогата на жената во демократијата, владеењето и лидерството“ и прикажуваат начин на решавање на прашањето за учество на жените во управувањето. Во Индонезија помалку од 20 проценти од избраните лидери, се жени.

Ова видео ја истакнува маргинализацијата на жените во Индонезија и потребата за избирање жени-лидери со цел да се поништат дискриминаторските закони:

За да успее избирањето жени-кандидати, политичките партии мора да создадат услови и да ги поттикнат жените да учествуваат на избори.

Ова видео ги инспирира жените да се вклучат во политиката:

Групата исто така објави две видеа за толерантност и естремизам.

With the spread of extremist and violent doctrines targeting vulnerable youth, the need for alternative messages to violent intolerance that celebrate Indonesia’s spirit of pluralism and unity in diversity is increasingly urgent.

Со ширењето на екстремистички и насилни доктрини кои се насочени кон ранливата младина, потребата од поинакви пораки кон насилната нетолерантност, која е врежана во духот на плурализмот и еднаквоста во разликите во Индонезија, е сѐ поитна.

Индонезија има најголем број на муслиманско население во светот. Во последните години, имаше бројни судири помеѓу христијани и мусимани, па со тоа се потенцира од потребата за промовирање на толерантност. Ова видео се обидува да одговори на тој проблем:

Друго видео кое ги учи младите да не бидат жртви на екстремистички учења и ставови:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.