Најголемиот убиец во Грузија? Патиштата.

Фотографија: Сулкан Бордзикашвили за „OC Media“.

Написот што следи е верзија на партнерскиот напис чиј автор е  „OC Media.

На 22 март, во Тбилиси, автомобил удрил во мајка и ќерка кои стоеле на тротоар. 11 годишното девојче починало веднаш, додека нејзината мајка била однесена во болница во критична состојба.

Полицијата започнала истрага за „прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот кои довеле до загуба на човечки живот“, што е казниво со затворска казна од четири до седум години.

Според сведоците, мајката и ќерката стоеле на автобуска постојка кога автомобилот изгубил контрола, удирил еден билборд, а потоа ги удрил и нив.

Во 2015, Светската здравствена организација објави извештај во кој вели дека секоја година умираат 1.25 милиони луѓе како резултат на автомобилски незгоди. Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР), Грузија ја имала највисоката стапка на смртност од сообраќајни незгоди во Европа (163.6 на 1 милион жители). Дваесет и четири проценти од смртните случаи во сообраќајни незгоди во Грузија се пешаци.

Според статистиките на грузиското Министерство за внатрени работи (прикажани подолу), бројот на незгоди започнал да опаѓа во 2008, но сепак повторно е во пораст од 2011. Министерството известува дека најчестиот ризик фактор за сообраќајни незгоди е возење под дејство на алкохол и преминување на дозволената брзина.

Во 2011, биле пријавени 4,500 сообраќајни незгоди во Грузија, од кои 6,600 не завршиле фатално и 500 кои завршиле фатално. Во 2016, биле пријавени речиси 7,000 сообраќајни незгоди, од кои 10,000 не завршиле фатално и 600 со фатален крај.

„Омекнување“ на сообраќајните прекршоци

Покрај сѐ поголемиот број на жртви, во 2014, Министерството за внатрешни работи подготови сет на амандмани кон законот за администрација, со што ги намали казните за сообраќајни прекршоци. Според предложените измени, казната за преминување на полна линија, која моментално е изнесува 100 лари (41 американски долар), ќе биде преполовена. Казната за повторено дело (прекршок) ќе биде намалена од 200 лари (82 американски долари) на 100 лари (41 американски долар). Сторителите кои нема навремено да  ги платат казните за сообраќајните прекршоци ќе платат 40 лари (16 американски долари) наместо сегашните 150 лари (61 американски долар).

Во 2016, владата на Грузија ја одобри Националната стратегија за безбедност на патиштата. Авторите забележуваат дека усвојувањето на стратегијата било неопходно поради високата стапка на смртност во сообраќајни незгоди. Стратегијата беше заеднички усвоена на петгодишен период од Министерствата за економија, локален развој, труд и социјална политика, образование и наука, и градското собрание на Тбилиси.

Помеѓу другото, стратегијата вклучува и осигурување на безбедноста на училишниот превоз, навремена итна медицинска помош, и обуки за безбедност на патиштата кои ќе се одржуваат во училишта.

Со цел да се имплементира овој проект, беше создадена интерагенциска комисија и работна група од страна на Министерството за економија која ќе координира помеѓу различните институции.

Фотографија: Сулкан Бордзикашвили за „OC Media“.

Во изјава, премиерот Гиорги Квирикашвили рече дека иницијативата била резултат на препораките дадени од меѓународни организации и експерти.

„Ова е многу важен документ за успешно и одржливо менаџирање со безбедноста на патиштата во Грузија на долг рок“, рече претседателот.

Зборувајќи со RFE/RL, Гела Квашилава, основачот на Фондацијата „Безбедност на патиштата“, локална застапничка група, изјави дека главниот проблем на Грузија во однос на безбедноста на патиштата претставува тоа што патиштата се направени за автомобили наместо за луѓе.

Петгодишната стратегија би требало да се справи со прашања поврзани со безбедноста на патиштата, градскиот сообраќај, и недостигот на места за паркирање.

Фотографија: Сулкан Бордзикашвили за „OC Media“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.