Блогот на туарешкото движење Темус Сурви објави пост (на француски) што обезбедува кусо претставување на туарешката култура: „Ние сме номадски народ што живее од земјоделство и трговија. Се проценува дека има 1,5 милиони Туарези во регионот што се протега низ Мали, Нигер, Алжир, како и во Либија, Буркина Фасо и Мавританија. Заедничкиот јазик тамашек е сроден со берберскиот. Покрај населението на Етиопија, Туарезите се еден од ретките африкански народи со свое писмо. Карактеристика на туарешката облека е превезот со боја на индиго поради кој го добиле прекарот „луѓе во сино“ (или „сини луѓе“ – прим. прев.).