Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Јемен: Агресијата врз демонстрантите продолжува

Во понеделник, јеменските градови Таиз и Худаида беа во центарот на вниманието поради крвавиот напад врз мирните антивладини демонстранти од страна на безбедносните сили. Али Абдул Салех, претседателот на Јемен, кој се наоѓа на оваа функција веќе 32 години, повторно се послужи со насилство и вистински куршуми за растерување на демонстрантите кои бараат негово заминување од власт.

Ројтерс јавува дека во Таиз, најмалку 15 луѓе се убиени, а 30 се ранети кога полицијата отворила оган врз демонстрантите. Во Худаида, демонстрантите се собрале за да ја искажат својата солидарност со луѓето од Таиз, но и нив ги снашла истата судбина како и нивните сонародници од Таиз кога полицијата и вооружени луѓе во цивилно отвориле оган врз нив. Според изјави на очевидци, снајперисти позиционирани на крововите отвориле оган врз демонстрантите.

Protester takes part in the funeral of Abdullah Hamid al-Jaify, an anti-government activist killed in clashes with the police, in March 2011 in Sana'a, Yemen. Image by Giulio Petrocco, copyright Demotix (11/03/11).

Демонстрантите присуствуваат на погребот на Абдул Хамид ал-Џафри, антивладин активист убиен при судирот со полицијата во март 2011 г. во Сана, Јемен. Фотографијата е дело на Џулио Петроко, сите права се задржани, Demotix (11/03/11).

Еман (@Emy_Al) објави на Твитер:

اليمن تدخل أسوء مراحل ثورتها..أخشى أن يتكرر سيناريو ليبيا فيها !!

Јемен влегува во најлошата фаза од револуцијата. Се плашам дека сценариото од Либија ќе се повтори во Јемен

Гхада Мохамед (@Ghada__Mohamad) објави на Твитер:

اليمن اليوم ..جرائم جديدة لعلي صالح

Јемен денес… нови злосторства на Али Салех

Ситуацијата во Таиз и Худаида

Nasser Arrabyee, јеменски новинар сместен во Сана, ја опишува ситуацијата во Таиз и Худаида:

Најмалку тројца демонстранти се убиени и десетици се повредени, во понеделник, кога безбедносните сили се обиделе да ги спречат гневните демонстранти да дојдат до претседателската палата во Худаида и владините институции на локалната власт во областа Таиз.
Од изворите, кои се наоѓаат на местото на настанот, дознаваме дека судирите продолжуваат бидејќи демонстрантите не се откажуваат од намерата за опколување на владините институции.

„Јас со свои очи видов еден мртов демонстрант во болницата“, изјави Ријад Ал Адиб, новинар и активист во Таиз.

Тој додава:

Судирите меѓу безбедносните сили и гневните демонстранти продолжуваат и во западниот дел од земјата, во крајбрежниот град Худаида.
„Од вчера, демонстрантите повеќе не се стационирани на нивните протесни пунктови, туку маршираат по улиците“, изјави Абдул Хафез Ал Нехри, еден од водачите на демонстрантите во Худаида. „Околу 400 луѓе беа повредени од солзавецот што полицијата го употреби денес и вчера“, додава Ал Нехри.
Се претпоставува дека демонстрантите ќе продолжат да се движат кон поголемите владини институции и ќе ја преземат контролата, како екстремна мерка за да го присилат Салех да си замине од функцијата.

Експлицитни видеа на Јутјуб

Во понеделник на Јутјуб беа поставени две видеа. На првото се гледа како демонстрантите бегаат додека во позадина се слушаат истрели од огнено оружје.

На второто, кое е многу експлицитно, е прикажан повреден човек, застрелан во вратот, кој има огромни болки.

САД врши притисок врз Салех да се откаже од функцијата

Во недела, 3 април, Њујорк Тајмс напиша дека владата на САД веќе не го поддржува Али Абдул Салех, повеќегодишен сојузник на САД во борбата против Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. „Соединетите Држави, кои долго време го поддржуваа претседателот на Јемен, дури и на почетокот од веќе широко распространетите протести, го сменија ставот и заклучија дека не постојат реални изгледи дека тој ќе ги спроведе бараните реформи и оттука, мора мирно да се повлече од функцијата, изјавија американските и јеменските државници“, пишува Њујорк Тајмс.

ВесалМубашер изјавува:

البيت الأبيض: جهود مكافحة الإرهاب مع اليمن لا تعتمد على شخص واحد (…)

Белата Куќа: соработката со Јемен за борба против тероризмот не зависи само од една личност

Грегори Џонсен изјавува:

Жалам поради фактот што политиката во администрацијата на Обама „почна да се менува дури сега, во изминатава недела“. Падот на Салех беше очигледен многу порано, а упорното негирање на овој факт од страна на САД, неодлучноста и повиците за преговори (при што се бараше од демонстрантите да се откажат од единствената потпора што ја имаат) дополнително ги загрози безбедносните интереси на САД.

Тој додава:

Не можам да кажам со сигурност дали САД го поставиле ова прашање на дневен ред или само заклучиле дека, што и да направат, Салех мора да си замине, јас мислам дека се работи за последното, но немам точни информации.

Мора да биде јасно дека двете сценарија – дали Салех ќе остане или ќе си замине – претставуваат потенцијална опасност за националната безбедност на САД, и токму затоа администрацијата на Обама се двоуми во однос на прашањето за откажување од поддршката на Салех.

Доколку Салех си замине, САД стравува дека новата влада нема да сака да ги исполнува барањата на САД во борбата против Ал Каеда, како што тоа го правеше Салех во изминатите 14 месеци, (бидејќи кога новинарите зборуваат за Салех како сојузник на САД во војната против Ал Каеда се мисли токму на овој период).

Од друга страна пак, доколку Салех остане на власт, во сегашните околности, најверојатно ќе поминат неколку месеци додека да ја поврати контролата врз областите што ги изгуби во изминатиот период, доколку тоа е возможно, што значи дека во тој период нема да може да се посвети на борбата против Ал Каеда како порано.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.